Еден германски Универзитет дава „неповратни средства“ за кандидати кои сериозно се залагаат да не прават ништо!
Во средата, Универзитетот за ликовни уметности во Хамбург објави три конкурси за стипдендии во вредност од 1.600 евра за апликанти од цела Германија.
Апликантите можат да доставуваат анонимни апликации до 15 септември и ќе мора да го убедат жирито дека нивното избрано подрачје на „активна неактивност“ е особено импресивно или релеватно.
„Не е воопшто лесно да не се прави ништо. Ние сакаме да се фокусираме на активната неактивност. Ако кажете дека нема да мрднете со прст една недела, тогаш тоа е импресивно. Ако кажете дека не само што нема да мрднете, туку и нема да се оптеретувате со мисли, тогаш тоа е уште подобро“, изјави Фридрих фон Бориес, архитект и теоретичар за дизајн кој ја осмисли програмата.
Идејата позади проектот произлезе од дискусија за спротивставување на општестовот кое промовира одржливост, а истовремени го цени успехот, рече фон Бориес.
„Оваа програма за стипендии не е штега, туку експеримент со сериозни намери – како можете да го промените општеството кое е структуирано околу достигнувањата?
Стипендијата ќе се исплати само откако кандидатот ќе достави „извештај за своето искуство за време на неработењето“ до средината на јануари 2021 година, иако фон Бориес додава дека стипендијата не е условена и дека оние што нема да го исполнат ветувањето нема да бидат казнети.
Апликантите ќе можат слободно да го утврдат времетраењето на неактивноста. „Ако кажете дека нема да спиете, можете да го направите тоа само неколку дена. Но, ако кажете дека нема да одите во шопинг, може да издржите подолго“, смета тој.
Сите апликации ќе бидат дел од изложбата наречена „Школа за неконвенционалност: Кон подобар живот“, која ќе биде отворена на Универзитетот во Хамбург во ноември.
Целта на изложбата е да се одговори на прашањето: „Од што можам да се воздржа за мојот живот да има помалку негативни последици врз животот на другите?“.