Јапонските работодавци и Министерството за здравство на таа земја воведоа задолжителен одмор од половина час кој ќе се користи само за спиење на работа.
Поради се почестото согорување на работа и неизмерниот број на работни часови, се повеќе истражувања покажуваат дека Јапонците стануваат се понеефикасни и дека тоа компаниите ги чини 138 милијарди долари годишно.
Како резултат на тоа, здружението на работодавачи во Јапонија донесе одлука да воведе половина час за спиење, но и просторија во која вработените ќе можат да се одморат половина час на ден.
Јапонската ИТ компанија „Некстбит“ веднаш го прифати овој тренд и постави две, како што велат оттаму, „стратешки спални соби“ за своите вработени.
Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а мобилните телефони, таблети и лаптопи се забранети.
Иако на остатокот од светот ова му изгледа чудно, Јапонците пронајдоа оправдување за овој потег.
Според последното истражување спроведено во 28 земји во светот, Јапонците спијат најкратко, во просек само 6 часа и 35 минути. Тоа е дури еден час помалку од Финците, Канаѓаните, Белгијците и Французите.