ЦИА објави една загатка, со едноставно прашање, можете ли да погодите колку е часот само со помош на фотографијата?
„Ставете ги вашите аналитичарски способности на тест. Колку е часот на оваа фотографија“, пишува на постот од ЦИА.
По одредено време повторно се огласија од ЦИА и пратија една интересна порака.
„Вашите одговори се најчесто точни. Изгледа дека сите имате око за ова.
Проверете кои работни позиции се во понуда на нашата страница“, напишаа од ЦИА на Твитер.