ODAS-Online Dream Academy of Science e дигитална платформа посветена на учениците од основно и средно училиште. Креативци полни со ентузијазам, во кои препознавме огромен потенцијал и тим од многу млади, но истовремено многу големи професионалци, кој совршено функционира. Во продолжени прочитајте го интервјуто кое го направивме со нивниот тим:
Со почетокот на падемијата и заменувањето на училишните клупи со оналјн настава многу работи се променија. Во ваков период кај група на млади ентузијасти и желба за успех се роди идејата како да им се помогне на сите ученици полесно да го совладаат материјалот. Ние како сајт наидовме на нивниот инстаграм профил, па одлучивме да поразговараме со младите креативни.
За почеток би ве поздравиле и би ви посакале многу успех во работата, бидејќи скоро сте непознати во пошироката јавност ние би сакале да ве запознаеме и претставиме малку подобро пред нашата публика. Кои се ODAS\ONLINE DREAM ACADEMY OF SCIENCE? Колку време постоите и која беше вашата цел на почетокот?
- Започнавме со создавање на ОДАС во мај минатата година кога сфативме дека оваа пандемија е мошне сериозна и дека наголемо ќе го измени начинот на кој средношколците (а и сите ученици) учат. Всушност, воочивме појава на еден голем проблем на кој очајно му беше потребно решение. Токму тој проблем, а и пандемијата, предизвика чувство на одговорност кај нашиот тим.
- Одговорноста повлече и чувство дека мора да делуваме. Па така, ја поставивме нашата прва долгорочна цел: да го доближиме материјалот до средношколците на еден поинаков начин, како и да ги запознаеме со кариерните можности за кои сите тие имаат неизмерен потенцијал.
- Секако, со текот на времето се јавија и краткорочни цели кои со голема ефективност континуирано ги исполнуваме. Впрочем, ќе го славиме нашиот прв роденден за помалку од три месеци, така што за истиот ќе прославиме со еден подарок за сите коишто не' следат.
Кои се членовите на тимот на ODAS\ONLINE DREAM ACADEMY OF SCIENCE ? Доколку некој е заинтересиран да стане дел од вашиот тим, дали примате нови членови и кои се условите за соработка? Имате ли некои посебни критериуми?
- Тимот на ОДАС брои дваесет членови во моментот, при што имаме оддел за математика, оддел за литература, оддел за јазици, оддел за училишни предмети, оддел за уметност и така натаму. Секој оддел е воден од страна на средношколци, така што се добредојдени средношколците, како и основците.
- Секако, во ОДАС може да се волонтира, а самото волонтирање е идеална можност за учење и стекнување со искуство. Одличното искуство со волонтерите е доказ за нивното задоволство од волонтирањето во ОДАС.
За некој да волонтира, а потоа и стане член на ОДАС, е потребно да е ученик во средно или основно училиште, да има постигнато успех во одделот за кој е заинтересиран, а најважно, да има љубов кон образованието и големите цели.
Може ли подетално да ни раскажете како всушност вие функционирате и кои се услугите кои што вие ги нудите?
Дел од услугите на ODAS Education вклучуваат:
- Анимирани видеа на теми од (вон)училишните предмети,
- Интервјуа со еминентни личности кои имаат цел да ги приближат кариерните опции до луѓето од сите возрасти,
- Внимателно и детално анализирани дела, меѓу кои и делата неопходни за матура,
- Едноставно објаснети и решени задачи по математика и физика
ОДАС е составен само од ученици-средношколци и основци-при што секој ученик-член е одговорен за работењето на одреден оддел. Членовите и волонтерите ги изработуваат и монтираат анимираните видеа, ги изработуваат пишаните документи по Германски и Англиски јазик, ги спроведуваат интервјуата, ги водат профилите на социјалните медиуми и слично.
Напоменавме дека тимот е составен само од ученици. Континуирано докажуваме дека не требаат возрасни, ниту пак треба училиште за да се реализира една идеја и да се води успешен тим. Доволни сме ние и нашата посветеност.
Кои предмети се во фокусот за решавање на проблеми и зошто баш се одбрани тие предмети? Дали можеби сметате дека на поголемиот дел од средношколците природните науки не им се баш најдобра страна :) ?
- Фокусирани сме на поразличен пристап кон предметите кои се учат во училиштата. Па така, сметаме дека секој човек е роден со неизмерна љубопитност и желба за учење, така што да се каже дека на учениците не им оди некој предмет е спротивно на човековата природа. Се' што на учениците им треба е поттик, соодветна средина и добри ментори.
- Впрочем, тоа е причината поради која одбравме аудио-визуелен пристап, односно анимирани видеа, како и разговори со личности кои се веќе запознаени со предметите.
Дали сметате дека ова претставува соодветен начин за помош за сите кои што се соочуваат со проблеми при учењето? И што мислите кој е соодветен, а воедно и најлесен начин за да се совлада материјалот? Дали можеби ги подготвувате средношколците (матуранти) за успите на факултет кои што следуваат? Можеби им помагате при изборот на факултет? Па токму поради тоа што би им препорачале на сите средношколци во врска со уписите на факултет? Како да стигнат до својата работа од соништата?
- Сметаме дека за успехот на секој ученик е потребен различен пристап, при што тој кој го избравме е докажан дека одговара на најголемиот број на ученици. Секако, најлесен начин да се совлада што било, не само материјалот, е да се има желба. Тоа е тајната, но мошне едноставна, состојка на било каков успех-мал или голем.
- Како дел од нашите идни планови е да најдеме ефективен начин на кој може да се приближи успехот на матура до се' повеќе ученици. Истиот е неопходен при запишувањето на факултет, така што оваа цел е од голема важност.
- За каков било успех е потребно да се сака истиот. Навистина, „ставете“ малку повеќе љубов во тоа што го правите и резултатите ќе бидат неизмерно подобри-а и вие ќе се чувствувате поисполнето.
И како за крај, кои се вашите планови за во иднина на ова платформа?
Вложуваме многу напор во исполнувањето на нашите долгорочни идни цели. Истите, впрочем, се основаат на нашето мото: „Создаваме заедница од доживотни ученици, одговорни граѓани и успешни лидери“. Најголемата цел, за сега, ни е влегувањето на интернационалната сцена во 2022 година, така што сме екстремно фокусирани на истата.
Следете ги ODAS-Online Dream Academy of Science на Instagram и Facebook