AstraZeneca го смени директор за Хрватска и Босна и Херцеговина, Дамир Невјестиќ, а на негово место е поставен Дејан Лаковски.
Овој искусен менаџер во областа на фармацијата дипломирал медицина во Скопје, каде што се стекнал и со магистратура по економија. Кариерата ја започнал во 2001 година во Алкалоид, а работел и како регионален претставник за Roche и за Sandoz.
Лаковски во AstraZeneca доаѓа од раководна позиција во германската фармацевтска групација Stada. Бил шеф на нивното претставништвото во Софија, од каде што освен за Бугарија, ги водел бизнисите на оваа групација и за Хрватска и за Словенија.
Според порталот Lider, до неодамна претседателот на управниот одбор на AstraZeneca за Хрватска и Босна и Херцеговина е сменет среде пандемија откако беше на чело на загребската компанија од 2012 година. Пред тоа, тој работел во Plivа, каде што започнал да се здобива со фармацевтско искуство.