Најпознатата водителка на светот, Опра Винфри, е една од најбогатите жени на светот – нејзиното богатство „тежи“ 2,6 милијарди долари
Винфри знае да препознае добар бизнис, па така, во време на пандемија додаде уште солидни 7 милиони долари на контото, заработка од интервјуто со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Фамозното интервју го обиколи светот и разгоре бројни дискусии на разни основи, а Опра се чини многу добро знаеше каков ефект ќе има оваа ексклузивна содржина. Токму затоа нејзината мултимедиумска продуцентска компанија Harpo Productions стои зад интервјуто. Таа потоа ги продаде правата за емитување на интервјуто на CBS за седум милиони долари.
Во двочасовно интервју славната двојка се отвори пред Опра за расизмот и дисфункционалноста на британското кралско семејство.
Според проценките на Nielsen, целото интервју го гледале во живо 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударно време, овој број гледачи сепак се смета дека за исклучително голем (со исклучок на преноси на спортски настани).
Во интервјуто, Меган рече дека размислува за самоубиство, додека Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробени“ додека живееле како дел од кралското семејство.
Опра Винфри по интервјуто откри дека кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, не биле тие кои коментирале за бојата на кожата на Арчи, синот на Хари и Меган.