Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.
Nike и Swarovski заедно соработувале за дизајнот на новиот модел на патики
Zanimljivosti
-
Ејпл ќе плати 95 милиони долари на луѓето шпионирани од Сири
Американската технолошка компанија Ејпл се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Сири и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета, пренесува Ал Џазира Балканс.
-
Идентификуван е „мистериозниот вулкан“ кој еруптираше и ја олади Земјата во 1831 година
„Мистериозниот вулкан“ кој еруптираше во 1831 година толку експлозивно што ја олади климата на Земјата конечно е идентификуван од научниците, речиси 200 години подоцна, пренесува Ал Џазира Балканс.
-
Која е симболиката на бадниковото гранче?
За Бадник и Божиќ традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Овој симбол го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.
-
Колку најдолго успеал некој да издржи без сон?
Во 1950-тите и 1960-тите, лишувањето од сон стана популарен тренд, поттикнат од радио водители кои се натпреваруваа во екстремни рекламни трикови.
-
Колку чини да купите куќа во Германија годинава?
Куќа со двор и гаража, што поблиску до работа, градинка или училиште. Тоа уште е сон за многумина во Германија. Но, неодамна само мал дел од нив успеале да го постигнат. На крајот, тоа се одрази на цените: по години постојан раст на цените на недвижностите, тие конечно паднаа во 2023 година. Затоа што малку луѓе можеа да си дозволат да купат дом. Ова беше историски пад - најголем во последните 60 години.
-
Чини 5 милиони долари, а никој не би живеел во неа: Погледнете како сега изгледа куќата од филмот „Сам дома“
Чини 5 милиони долари, а никој не би живеел во неа: Погледнете како сега изгледа куќата од филмот „Сам дома“