Некои приказни се базирани на легенди, рефлексивна културна реалност на земјата во која што се појавиле. Вистинските приказни зад другите сепак се сурови, исполнети со насилство, крвопролевање и тортура. Погледнете што се крие зад вашата омилена приказна од детството.
Сказната „Снежана и седумте џуџиња“ е базирана на трагичниот живот на Маргарет фон Валдек, баварска благородничка која живеела во XVI век во Бад Вајлдунген.
Нејзиниот брат користел мали деца како работници во рудникот. Поради тешката работа некои од нив стекнале посебни потреби и не се развиле физички добро, па поради тоа ги нарекувале „џуџиња“.
За да ја задоволат гладта, децата краделе јаболка од дрвјата на еден земјоделец кој пак како одмазда некогаш го полевал овошјето со отров – оттука настана и ситуацијата со отровното јаболко.
Маќеата на Маргарет ја мразела и ја испратила во кралскиот двор во Брисел, за да се ослободи од неа. Таму младата жена станала љубовница на шпанскиот принц Филип II. Татко му, кралот на Шпанија, сепак не ја одобрувал врската и заповедал Маргарет да биде отруена. Така и се случило.
Извор : https://publicist.mk/