Актуелно
-
Со еден клик проверете дали ве плаќаат фер
Сакате да дознаете колкава е вашата плата во споредба со другите? Сега е лесно!
-
Град Скопје ќе дава субвенции за инвертери, печки на пелети, велисипеди и за чистење оџаци
Град Скопје годинава ќе ги субвенционира граѓаните за купување на инвертери, топлотни пумпи или соларни панели за затоплување. Во буџетот на Градот за 2019 година за оваа намена предвидени се 20 милиони денари. За набавка на инвертери и во ланскиот буџет беа предвидени пари, но со ребалансот тие беа пренамени односно не се даваа субвенции за вакви уреди за затоплување.
-
Измерени 55 сантиметри снег - во овие градови во Македонија е најстудено денес
Најниска температура од минус 15 степени изутринава е измерена во Битола. Минус 12 е во Берово и Прилеп, минус 11 во Струмица, а девет степени под нулата во Скопје.
-
Нова листа на слободни работни места во Германија: Се бараат 1.5 милиони работници, еве ги платите и деталите!
На Германија моментално и недостигаат околу 1.5 милиони работници, покажуваат последните податоци на германската служба за вработување, а освен за кадри без квалификации, на листата се наоѓаат и голем број непополнети позиции за кои е потребно високо образование.
-
НОВ СНЕЖЕН БРАН: Временска прогноза за денес
Нов снежен бран доаѓа кон Македонија и засега тој нема да биде последен. Ширум државата утринава го има можби едно од најстудените утра а тоа значи дека температурата се спушти под -10 степен. Метеоролозите за денеска најавија прилично студено време а дневните температури ќе бидат скоро секаде под нулата.
-
ШТО Е ПОСКАПО? Килограм Ферари или килограм злато!?
За класичниот Ферари 250 ГТО од 1962 година со право може да се каже дека е „вреден како злато“, дури и повеќе. Златото долго се смета за највредната и најстабилната инвестиција, денеска слично може да се каже и за ретките класични автомобили, каков што е овој Ферари 250 ГТО стар повеќе од половина век.
-
Измени од оваа година: Зелениот картон ќе биде задолжителен со регистрацијата
Зелениот картон ќе се спои заедно со полисата за автоодговорност, па така секој сопоственик ќе треба да го извади при регистрација на своето возило.
-
10 најбарани вештини за 2019 според LinkedIn
Најпопуларната социјална мрежа за професионалци, LinkedIn, анализирајќи стотици илјади огласи за вработување кои се објавуваат таму, ги издвои најбитните вештини кои компаниите ќе ги бараат во 2019 година.
-
Како да го одмрзнете ветробранското стакло на возилото за 1 минута
Еден од најголемите проблеми за возачите во зима е чистењето на ледот од ветробранското стакло на возилата. На интернет можете да најдете најразлични совети како да се справите со овој проблем, а еден од начините е и овој.
-
TOW#471- Желби за себеси...
Ви посакувам многу здравје и разбирање во Новата година, успех на работа и дома, а на тие кои ќе си постават желби им посакувам поголемиот број од нив да им се остварат.
-
2.000 евра казна: Нема веќе продавање текстил и патики на зелените пазари!
За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.
-
ПОСТОЈАНО СТЕ УМОРНИ? Еве кои се причините
Многу нешта влијаат врз квалитетот на животот, но еден од најважните фактори е спиењето. Доколку преку ноќ често се будите, спиете лошо, веројатно во текот на денот ќе се чувствувате изморени и тоа многу ќе влијае на вашата „функционалност“.
-
ЛИСТАТА Е ОБЈАВЕНА: Еве кои граѓани ќе добијат субвенции за печки на пелети
Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои оствариле право на надомест за купување на печки на пелети од вториот јавен повик, кој беше распишан кон крајот на ноември 2018 година. Субвенции ќе добијат околу 200 граѓани.
-
Еден од најпознатите туристички градови ќе наплаќа за влез
Локалните власти ќе наплаќаат од 2,5 до 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати го пренатрупуваат градот.
-
Убава вест за тие што сакаат да работат во Германија - и без виза ќе може да се бара работа 6 месеци
Почнувајќи од оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе можат да се вработуваат во Германија, бидејќи ќе добијат право без работна виза шест месеци да престојуваат во земја. Во тој период нема да може да добиваат социјална помош и ќе треба да најдат работа за да може визата да ја продолжат. За да биде дозволен престојот без работна виза работникот треба да докаже дека има доволно пари самостојно да се издржува како и да покаже одредено ниво на познавање на германскиот јазик.
-
Според астролошките предвидувања, ова се 7 среќни денови за свадба во 2019 година
Проверете што велат астролозите, кои се најсреќните датуми за венчавка во 2019 година.
-
Важна информација за корисниците на социјална парична помош
Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош започнува од денеска, информираше меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
-
УЈП го продолжи рокот за електронска даночна пријава
Управата за јавни приходи одлучи да го продолжи рокот за регистрирање во ситемот е-Персонален данок откако дел од даночните обврзници не го сториле тоа навреме.
-
Новогодишна донација на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите за училиштето за деца со пречки во развој „Д-р. Златан Сремец” Скопје
Оваа година БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораторија одлучија средствата за маркетинг промотивни материјали да ги искористат таму каде што е најпотребна помош, на децата со посебни потреби од ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.
-
ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Температури и до минус 14 степени
Во попладневните часови во Македонија, се очекува зголемување на облачноста и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава, соопштија од УХМР, додека за време на викендот иако времето ќе биде посончево температурите ќе достигнат и до минус 14 степени.