Актуелно
-
Колку ќе го чини едно семејство празничната софра?
Маркетите, пазарите и месарите се полни со производи, плановите за тоа што ќе има на новогодишната трпеза веќе почнуваат да се „кројат“.
-
Скопје се најде на листата најзагадени градови во светот
Густата магла и непријатниот мирис повторно ги наговести старите маки на граѓаните со проблематичните ПМ10 честички.
-
И годинава нуркачите на Амфора во Охридското Езеро ја украсија новогодишната елка под вода (ВИДЕО)
Нуркачите од нуркачкиот центар Амфорa во Охрид и годинава ја накитија новогодишната елка - под вода, кај Заливот на коските во Охридското Езеро. Подводната елка е дополнителна атракција на музејот во пресрет на новогодишните празници.
-
На што најмногу се жалат граѓаните на мејл адресата на Град Скопје?
Најголем број од барањата се однесуваат на субвенции за велосипед, сообраќајни проблеми, пресметки на комуналии, барања до ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување на парковите и зелените површини, утврдување на незаконски градби по кои барања е даден налог до инспекторите да постапуваат.
-
Во октомври 71,9 отсто од потрошената струја била од домашно производство
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 595 653 мегават часови електрична енергија, 45 762 милиони нормални кубни метри природен гас, 336 109 тони јаглен и 98 364 тони нафтени продукти.
-
ЕСМ ќе штеди преку принудни одмори и кратење на непроизводни трошоци
Дирекцијата и управниот одбор на Електрани на Северна Македонија поранешно ЕЛЕМ денеска ги чекаат раководителите на шесте подружници и четирите фирми ќерки да достават списоци на свои вработени кои би биле испратени на принуден одмор, откако компанијата пред десетина дена донела одлука за воведување на мерки за штедење. Освен принудни одмори ЕСМ најави дека ќе штеди и преку намалување на исплати на некои додатоци на плата и дневници, како и рестрикции кај спонзорствата, репрезентации, службени патувања и набавка на возила кои не се поврзани и неопходни за производството.
-
Македонските гастарбајтери испратиле најмалку пари дома во 2020
Дијаспората во текот на 2020 година во нашата земја испратила 361 милион евра, што претставува околу 3,4 отсто од БДП на државата, но сепак нашата земја има помалку дознаки во споредба со земјите од регионот.
-
Какви потврди и тестови ви се потребни доколку патувате надвор од земјава
На оние што за новогодишните празници ќе патуваат во земјите од регионот, за влез ќе им биде потребна потврда за вакцинација, со две дози вакцина, потврда за прележан ковид-19, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или брз антигенски тест не постар од 48 часа.
-
Црна Гора ќе им исплати по 300 евра на луѓето чии имиња беа објавени дека се во самоизолација
Стотици граѓани ја тужеа државата Црна Гора затоа што претходната влада од март до мај минатата година ги објави имињата и адресите на граѓаните на кои им беше наредено да се изолираат на почетокот на пандемијата
-
Атлантик Група има потреба од РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ПАКЕР
со минимум СРЕДНО образование
-
Не ја фрлајте пепелта од шпоретот - Не сте ни свесни колкава корист ќе имате од неа
Ако се греете на дрва, искористете ја наместо да ја фрлате в ѓубре
-
Македонците не штедат за пари на новогодишното патување - Цени од 170 евра до 1.990 евра
Цените на патувањата е различна и зависи од деновите на престој. Тие се движат од околу 170 евра за дводневен престој на Златибор во Србија до 1990 евра за Колумбија и 1.430 евра за Занзибар за престој од 12 дена.
-
По 300 евра за грѓаните на Црна Гора што беа во самоизолација, а нивните имиња беа јавно објавени
Црногорската влада синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација, чии имиња беа објавени во јавноста и да им исплати по 300 евра. За таа цел државата ќе треба да одвои 816.000 евра.
-
Масовно се бараат станови за изнајмување за прослава на Нова година, цени од 500 до 1.000 евра за една вечер
Од почетокот на декември масовно се бараат станови за изнајмување за прослава на Нова година. Со оглед на фактот дека понудата на вакви станови во Скопје е многу помала од побарувачката цените се астрономски и се движат од 500 до 1.000 евра за една вечер. И покрај високата сума која треба да се одвои проблем е да се најде стан, бидејќи 90 отсто од сопствениците на станови не сакаат да ги изнајмуваат за новогодишни прослави. Од Агенциите за недвижности велат дека телефоните постојано им ѕвонат и се бараат станови за изнајмување за Нова година, а интересно е што некој од клиентите се подготвени да платат и над 1.000 евра само за една вечер
-
„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари
Трудољубивоста и професионалноста се карактеристики коишто се исклучително ценети, без коишто успесите и напредокот не се можни, поради што „Макпетрол“ постојано ги наградува своите вработени и редовно го проширува тимот со најквалитетниот кадар
-
Канада оваа година прими 401.000 нови жители
Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер
-
Највисока плата во државата од над 70.000 ja имаат програмерите и консултантите
Според Државниот завод за статистика (ДЗС) просечната месечна исплатена нето-платa по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.
-
Дивоградбите на Попова Шапка ќе може да се легализираат
Сите кои имаат нелегално изградени објекти на Попова Шапка ќе можат да ги легализираат своите објекти, шест месеци по стапувањето на сила на новиот закон
-
СПРЕМЕТЕ НЕРВИ ЗА ДЕНЕС! Ќе се исклучат семафорите во Центар
Од ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје од 8 часот наутро до 15:30 нема да работат, ги повикуваат надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР, да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.
-
Renault Clio e најпродаван автомобил во Ноември 2021 во Европа
Renault Clio e најпродаван автомобил во Ноември 2021 во Европа