Актуелно
-
Французите по временската ќе гледаат енергетска прогноза
Француската влада претставува национален план за штедење енергија во текот на зимата за да спречи недостиг, најавувајќи им на граѓаните секојдневни прогнози за снабдувањето со струја, но и затворање на топлата вода на далечина.
-
Аеродромот во Истанбул најдобар во светот во 2022 година
Аеродромот во Истанбул во Турција е прогласен за најдобар во светот во 2022 година од читателите на Conde Nast Traveler, луксузен туристички магазин со седишта во Њујорк и Лондон.
-
Лидер на пазарот во Србија за сервис и продажба на турбокомпресори ВРАБОТУВА во своите канцеларии во Скопје!
Турбо Сервис е лидер на пазарот во сервис и продажба на турбокомпресори, висковентилатори и пумпи за вода на територијата на Србија и земјите од поранешна Југославија. Над 35 години искуство и 60 вработени зборуваат за искуството и нивото на стручност на нашата компанија. Квалитетот се докажува со сертификати, претставништва на водечки производители на турбини и вискофани, како и голем број задоволни клиенти. Во моментов бараме:
-
Цената на кафето сè повисока: Утринската рутина наскоро ќе стане луксуз
Пиењето шолја кафе наутро за многумина е секојдневна рутина, но може да стане речиси луксуз поради годишната инфлација која е во пораст од ланскиот октомври, пишува европската статистичка агенција Еуростат.
-
Брзо возат, не држат растојание, нагло кочат - Колку сте безбедни во скопскиот јавен превоз?
Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа, при што повредени се две патнички во автобусот. По овај инцидент се огласија и граѓаните кои секојднено го користат јавниот превоз. Поголемиот дел од нив се жалат дека возачите не ги почитуваат правилата за возење и застанување, но има и такви кои велат дека патниците сами треба да се грижат за својата безбедност додека се возат.
-
Зошто македонците тешко се одлучуваат да засадат ф’стак иако климатските услови се погодни?
Иако ф’стакот може да успее на македонска почва, и е рентабилен, сепак не е широко застапен во земјава. Мал е бројот на луѓе кои се охрабруваат да се занимаваат со производство на ф’стак.
-
Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно!
Владата донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и семе од сончоглед (кршено или дробено).
-
Поевтинуваат кашкавалот, сирењето, урдата…
Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.
-
Петочна и викенд временска прогноза!
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.
-
Италијанци прават гориво за автомобили од сточен отпад
Производството на енергија и гориво за автомобили од животински отпад „се одвива“ во близина на фарма на Пјаченца.
-
Теско: Клиентите се префрлаат од брендирани на поевтини производи, ставаат помалку артикли во нивните корпи и купуваат повеќе замрзната храна
Најголемиот синџир на супермаркети во Велика Британија, Теско, рече дека купувачите бараат начини да заштедат пари, вклучително и префрлање од брендирани производи и намалување на јадењето надвор.
-
Мекдоналдс воведе плаќање со биткоин: Швајцарците плаќаат за хамбургери со криптовалути
Гигантот за брза храна прифаќа криптовалути.
-
Средношколци од Скопје победија на предизвикот од НАСА и ќе одат во вселенскиот центар на Флорида
Два тима од средните училишта Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Раде Јовчевски Корчагин се победници на NASA Space Apps Challenge 2022 во Македонија. Тие беа во конкуренција на 5 тимови избрани за финалисти, од страна на 5-члено жири кое едногласно одлучило да избере два тима како прво пласирани.
-
Ајварката почна да се нуди и на фејсбук, но џабе нема интерес!
Откупот на ајварката е во полн ек, но продажбата оди тешко. Дел од земјоделците своето производство почнаа да го нудат и на фејсбук, но џабе нема интерес. Велат дека цените се нешто повисоки од лани, но продажбата е многу послаба.
-
Се подготвува закон за амнестија на лицата кои ги прекршиле Ковид протоколите
Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор.
-
Мито, корупција и измама - зошто никогаш нема да бидат искоренети?
Мито, корупција и измама. Дел од спектарот на нечесно однесување. Тие постојат уште од почетокот на времето.
-
Стотици летови откажани поради штрајк на пилотите во Германија
Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови.
-
Австрија ги продолжува мерките за штедење, јавниот превоз во Виена го намалува греењето
Виенскиот градски транспорт реагира на енергетската криза и на донесените пакет мерки, меѓу кои е и намалување на температурата во метрото и трамваите за два степени, соопштија од компанијата.
-
Која професија прави просечно 305.000 евра приход по вработен, а не е популарна?
Извршител е далеку од најпопуларно занимање во Македонија, барем според општата перцепција на јавноста. Иако се бројни тие што немаат добро мислење за извршителите, таа дејност е и тоа како полезна за економската заедница.
-
Без струја утре делови од Островска, Капиштец, 11 Октомври и Карпош
Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците во делови од општините Aеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош