Актуелно
-
Од јануари поевтина струја, но само за одредени домаќинства
Одредени категории на граѓани од први јануари би можеле да плаќаат поевтина струја од останатите. Директорот на ЕСМ вели дека се прават напори, дел од корисниците на тарифните блокови 1 и 2 да добиваат пониска сметка. Тоа би биле домаќинства кои се со пониски приходи, но и оние знаат како да ја заштедат електричната енергија. Како тоа ќе се изведе, засега не се знае.
-
Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк
Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не имс е исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.
-
Зголемен прометот во индустријата во октомври на годишно ниво
Прометот во индустријата, вкупно, во октомври годинава во однос на истиот месец лани, е зголемен за 5,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Цените на нафтата паднаа
Цените на нафтата на меѓународните пазари во претпладневното тргување во четвртокот паднаа, бидејќи натамошното зголемување на каматите на важните централни банки ќе го забави економскиот раст, а што ќе ја намали побарувачката на енергенсот.
-
50 евра казна за пешаци кои претрчуваат улица, а ќе одат и на час по сообраќајна култура
Секторот за внатрешни работи во Тетово извести дека продолжува со континуирани контролни активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот во Полошкиот регион.
-
Луфтханза почнува со летови од Скопје
Германската авиокомпанија Луфтханза се враќа во Македонија по пауза од 20 години и од 23 април идната година ќе лета од Скопје за Франкфурт 10 пати неделно
-
Студентите во домовите ќе добијат официјална студентска картичка
Студентите кои живеат во студентските домови во Скопје ќе добијат своја студентска картичка. Целта е да се олесни и дигитализира процесот за креирање договор за сместување во скопските студентски домови. Студентите ќе можат да аплицираат за добивање картичка со креирање профил на веб-страницата на Државниот студентски дом.
-
Водата во Крушево да се преврива или да не се користи за пиење
По обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата.
-
Растение кое успева секаде, може да ви донесе заработка од 7000 евра во сезона
Му се смееле што засадил трн, сега овој Србин од Златибор заработува 7000 евра во сезона
-
НОВИ ПОЗИЦИИ за работа во ВИВАКС - добредојдени се кандидати СО или БЕЗ искуство!
- добредојдени се кандидати со или без претходно искуство - обезбеден оброк на работното место
-
Кој се ќе плаќа данок во Новата Година!?
Нема веќе „повластени“ сектори!
-
Историска одлука за Скопје: Нема сечење зеленило без да знаат граѓаните!
Советот на Град Скопје го усвои предлогот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе историска одлука за Скопје.
-
Турција воведува туристичка такса
Од 1 јануари следната година Турција ќе воведе туристичка такса.
-
Маските остануваат задолжителни во болници, аптеки и јавниот превоз, состојбата во болниците е стабилна
Иако ретко кој ги почитува, а и стабилна е состојбата со Ковид, грип и останати респираторни инфекции, остануваат на сила 4 -те мерки: носење на маска во здравствевни установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари и лица со посебни потреби. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок оцениле дека актулните мерки давале резултат, и не требало да се укинат.
-
Нова голема странска инвестиција во Србија: Платите на работниците веќе се над 900 евра
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска присуствуваше на свеченото отворање на фабриката за гуми на јапонската компанија Toyo Tire во Инџија.
-
Се враќа авионската линија меѓу Скопје и Љубљана?
Во Скопје се одржа Македонско – словенечки економски форум на кој главни теми беа продлабочување на соработката, енергетиката, реализација на заеднички проекти... Трговската размена меѓу двете земји годинава е зголемена за 14 отсто.
-
ЛЕБ 170 ДЕНАРИ, ЛИТАР ВОДА 300, ДОМАТИ 400 ДЕНАРИ - цените на Копаоник повисоки и од Алпите
Започна зимската сезона на српските планини, а со тоа и сезоната на објавување шокантни цени од тамошните ресторани.
-
Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса
Во Турција од 1 јануари се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.
-
Како да ги плаќате фактурите за парно на мејл? ЕСМ Снабдување нуди можност за е-фактура
ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за плаќање на е-фактура затоа што, како што велат, тоа е најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.
-
Поради закаснетите фактури за парно, граѓаните ќе треба да платат две сметки!?
Дел од граѓаните реагираат и затоа што не се внесени корекциите во договорите потпишани со новиот снабдувач со топлина, но и поради доцнењето на сметките.