Актуелно
-
САМО ЗА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ ДА СЕ ОГРАНИЧИ ЗАРАБОТКАТА, предлагаат трговците
Трговците на мало и големо сметаат дека ако Владата навистина сака да го заштити стандардот на граѓаните, тогаш најкорисно би било мерките со замрзнување на маржата да бидат насочени само за неколку основни производи.
-
Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300.
-
Општина Карпош објави оглас за избор на авто школа
Општина Карпош денеска објави јавен оглас за избор на авто школа, која треба да организира полагање на теоретски и практичен дел од возачкиот испит, за млади лица кои се жители на локалната самоуправа.
-
УКИНУВАЊЕТО НА АНТИКОВИД МЕРКИТЕ ДЕНЕСКА НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА: За задолжителното носење маски КЗБ најверојатно ќе разговара утре
Сертификатот за прележан ковид да важи 180, наместо 45 дена, враќање на трудниците на работните места, враќањето на студентите на факултетите со физичко присуство, излез од држават без потврди за примени вакцини, прележана болест или пак потврда за негативен ПЦР, како и укинување на сертификатите при влегување во моловите, се барањата на Комисијата за заразни болести од пред неколку недели, а кои веќе се прифатени од страна на Кризниот штаб, денеска најверојатно ќе се најдат и на Владина седница по што се очекува и официјално да бидат усвоени и да стапат на сила.
-
За да се преживее месецот на едно 4 члено семејство му требаат најмалку 600 евра
Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто.
-
Таксистите бараат решение: „Ако ја покачиме цената на превозот, ќе немаме кого да возиме“
Високите цени на горивата направи таксистите да возат без попусти, по полна цена на таксиметрите, која е стара 11 години. Последните поскапувања на горивата ги стави таксистите да изнајдат начин како да опстојат, затоа што се зголемија и цените на резервните делови и опрема за автомобилите. Не е проблем само драстичното поскапување на горивата, туку и нелојалната конкуренција.
-
Три улици во Карпош утре без вода
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка" и „Париска".
-
ПРИСТИГНАА НОВИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА!
Дизелот се зголемува за 10 денари, бензинот за 5,5 денари по литар
-
Еве кога ќе се исплаќаат пензиите по новата методологија
Според таканаречениот швајцарски модел на крајот на годинава просечната исплатена пензија која сега изнесува околу 16 илјади денари - сега ќе изнесува 17.300 денари.
-
Ослободете се од мувлата во вашиот дом засекогаш
Постојат неколку решенија за отстранување на мувлата со помош на:
-
Макпетрол: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови
Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери
-
Во кои земји има најголема разлика во платите меѓу мажите и жените?
Во кои земји има најголема разлика во платите меѓу мажите и жените?
-
Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот
Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Следува многу студено време, со температури под просекот
Времето денеска е променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.
-
По хакирањето на Samsung, објавени се 190 GB украдени податоци
Samsung беше хакиран и беа украдени 190 гигабајти доверливи податоци.
-
Белгија од денеска ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки
Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници.
-
До 2040 година во океаните ќе има трипати повеќе пластика отколку сега
Почнаа преговорите за глобален договор чија цел е да се реши прашањето со епидемијата на пластичниот отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најбитниот мултилатерален пакт.
-
Се подготвува нов пакет мерки за справување со економската неизвесност
Во текот на наредните неколку дена граѓаните ќе бидат информирани за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.
-
Националниот парк „Маврово“ уште чека репрогласување, екологистите велат штетите се непоправливи
Репрогласувањето на националниот парк „Маврово“ ќе мора да почека нова Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје. Последната е направена во 2011 година.
-
Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни
Бројот на увезени возила во земјава лани драстично се зголемил. Податоците покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е зголемен за над 8.000 во споредба со 2020 година.