Актуелно
-
Секој шести Германец повеќе не може да си го дозволи својот досегашен начин на живот
Инфлацијата ги става Германците во уште поголема неволја. Речиси секој шести стравува дека повеќе нема да може да си ги покрие животните трошоци. За многумина останува само еден начин да ги стават под контрола поскапувањата.
-
Ќе се замрзнат ли цените на млекото и тестенините- инспекции ги чешлале маркетите дали продаваат леб по 33 денари
Во министерството за економија во моментов се прават анализи за замрзнување на цените на тестенините и некои од млечните производи, односно оние кои се опфатени со одлукатата за ограничената маржа.
-
Од утре поскапи горива, ова се новите цени
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
-
Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2022 година
Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ја доби Наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award), овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World), известуваат од ТАВ Македонија.
-
Двете нови патарини го наполнија буџетот на „Државни патишта“ до врв
Отворањето на двете нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип, Преод и Кадрифаково, на почетокот на јули 2022 донесе рекордни приходи за „Државни патишта“ за дополнителни два милиони евра за само три месеци.
-
НЕДОСТИГОТ НА СЕЗОНЦИ ЈА ПОГОДИ И ОВАА ДРЖАВА - во Италија за Велигден ќе фалат 50.000 работници
Во Италија за време на Велигден и пролет годинава поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи ќе има недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.
-
На Гренланд пролет со температури од 15 степени, надминат рекордот за март и април
За време на викендот многу топла воздушна маса предизвика значително зголемување на тесниот крајбрежен појас, на југозапад од Гренланд, каде температурата надмина 15 степени. Ова е највисоката температура досега забележана на овој остров во март.
-
ОБЈАВЕНИ СПИСОЦИТЕ, проверете дали добивте финансиска поддршка
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
-
Тоалетната хартија стана потенка, а во сирењата и саламите се додава вода, нема крај на трговските измами
Трговците кои мораа да ги намалат цените на производите поради субвенционираната струја за да ја компензираат загубата, односно да не го намалат профитот, ја намалија грамажата.
-
Од април бесплатен јавен превоз секој четврток
Со цел да им се олесни пристапот на жителите од населените места, до градот, Општина Берово организира бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, во четврток, кога е пазарен ден, почнувајќи од првиот четврток во месец април.
-
Шефот на Боинг остана без бонус од 7 милиони долари поради доцнење
Боинг одлучи да не му исплати бонус од 7 милиони долари на извршниот директор Дејвид Калхун поради доцнењето на новиот модел 777X.
-
Оглас во Србија: Се бара помошник на помошник готвач, услов – да знае колку се 2+2
Необичен оглас за работа се појави на рекламна страница во кој сопственик на пицерија од Земун бара помошник на помошникот на помошник на готвач за плата од 55.000 до 999.000 динари.
-
Делови од овие општини во Скопје, утре без електрична енергија
– Делови на Општина Сарај и Општина Чучер Сандево во текот на утрешниот ден, понеделник 06.03.2023, ќе имаат прекин на снабдување со електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи, по известување на ЕВН.
-
Постигнат историски договор – третина од светските мориња добиваат заштитен статус
Повеќе од сто држави постигнаа историски договор за заштита на светските мориња. Според договорот, 30 отсто од водната површина на земјата ќе добијат заштитен статус до 2030-та година, со цел да се сочува и опорави екосистемот во нив.
-
Европа воведува нови возачки дозволи: Младите возачи на двегодишен пробен период
Покрај дигиталната, која возачите ќе ја имаат во мобилниот телефон, ќе се задржи и возачката дозвола во физичка форма.
-
Словенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот
Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот Croatia Week.
-
Италијанската кујна повеќе не е најпопуларна во светот – која е број 1?
Компанијата за авантуристички патувања The Bucket List Company, земајќи ги предвид пребарувањата и позитивните реакции на социјалните мрежи, ја претстави листата на најпопуларните кујни ширум светот.
-
Субвенции на велосипеди за првпат во општина Илинден
За прв пат на територија на општина Илинден се воведуваат субвенции за купување на велосипеди.
-
Германски министер сака да ги забрани рекламите за нездрава храна за деца
Маркетингот наменет за деца и рекламирањето на храна со премногу масти, шеќер или сол наскоро би можел да биде забранет во Германија, според плановите презентирани од министерот за земјоделство и храна , Џем Оздемир.
-
Штрајкови го блокираа јавниот превоз во Германија, се најавуваат уште помасовни
Нов бран штрајкови на вработените во јавните служби денеска го блокираа јавниот превоз во многу германски градови, а за следната недела се најавени нови штрајкови.