Вести
-
Германците пронајдоа поеколошки и поекономичен начин за чистење на патиштата од снег
Веќе трета година по ред во Баварија класичниот начин на одмрзнување патишта со помош на сол заменет е со преработена течност од краставички, а тоа се прави за да се заштеди на сол и да се зачува околината.
-
Недела станува неработен ден од 1 јануари
„Недела неработен ден e реалност. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците“.
-
Регулаторната комисија го објави новиот ценовник за горивата!
Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека донесена е одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година.
-
Дали вашата компанија е следниот работодавач со најдобра Employer Branding кампања?
Сега е вистинско време да покажете зошто сте поинакви и подобри од другите
-
Сите се посиромашни поради инфлацијата, а банкарите се спремаат за новогодишни бонуси
Исто како што повеќето од нас ги чувствуваат ефектите од зголемената инфлација, за која Канцеларијата за национална статистика рече дека минатата недела достигнала највисоко ниво во последните 10 години од 5,1 отсто, богатите банкари и трговци со нетрпение очекуваат да добијат извонредно големи новогодишни бонуси.
-
Новогодишни аранжмани за странство има, но интересот е мал
Стравот од короната, рестриктивните мерки што во државите се менуваат преку ноќ, како и намалениот животен стандард, ги спречуваат граѓаните да планираат поголеми патувања.
-
Од утре студентите повторно можат да аплицираат за субвенциониран оброк
Министерството за образование и наука информира дека од утре до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.
-
Предлогот - закон: Надоместокот за време на праксата да биде најмалку две третини од минималецот
Министерството за труд го објави Предлог-законот за работна пракса со кој се пропишува право на надоместок за вршење на пракса во висина од најмалку две третини од минималната плата, зголемен за соодветните придонеси и даноци.
-
Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција
Во шест часот утрово стапи во сила новата министерска одлука во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, мерка што важи за сите патници со наполнети пет години, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19.
-
Синдикалната кошница "рипна" на 34.600 денари
ССМ вчера поднесе предлог до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика за донесување на закон со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и спирално зголемување на сите останати плати во државата. А како аргументи за зголемувањето на минималната плата ги посочува порастот на животните трошоци и најавите за зголемување на цената на струјата по Нова Година.
-
Подгответе се за вистинска зима - Детална прогноза за следните 4 дена
Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени.
-
Од 1 јануари, кој сака да работи со Германци, ќе мора да работи на "германски" начин
Сите компании од Македонија кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат во земјава, од следната година ќе треба да го почитуваат новиот закон кој ќе се применува во Германија.
-
Ќе биде ли доволно воспитна казната од 88 илјади евра за фрлање ѓубре?
Исклучително драконски репресивни мерки во справувањето со креаторите на дивите депонии
-
Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ
Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година.
-
Почнуваат празнични попусти во Ист Гејт Мол
Големи предновогодишни попусти во Ист Гејт Мол!
-
КАЗНА ЗАТВОР И ДО ЕДНА ГОДИНА - ССМ ги потсетува газдите да исплатат К15
ССМ ги потсетува газдите на фирмите но и директорите во јавниот сектор да исплатат К 15 за вработените.
-
Жичарницата на Водно ќе биде во функција од Нова година
По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, се најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година.
-
На лицата кои сега имаат помалку од 7 години доживотно им е забрането да пушат цигари
Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд.
-
Бугарија ги замрзна цените на струјата, парното и водата
Бугарскиот Парламент одлучи замрзнувањето на цените на струјата, парното и водата да трае од 16 декември до 31 март. Одлуката стапува на сила по објавувањето во Државниот весник.
-
Македонскиот авио-регулатор на патниците ќе им наплаќа до едно евро од полетување
Агенцијата за цивилно воздухопловство во иднина ќе наплаќа до едно евро од патник кој ќе полета од македонските аеродроми, според новата драфт-верзија на законот за воздухопловство кој се предлага и за кој допрва треба да се дебатира.