Вести
-
Србија одобри извоз на пченица и пченка за Македонија
Српската влада одобри извоз на пченица и пченка во С. Македонија, за договори склучени пред да стапи на сила привремената забрана за извоз на основни земјоделски производи.
-
Децата мора да бидат примени во градинка и училиште, но како да се најдат заменски учители?
Законот за детска заштита вели дека градинките мора да ги згрижат децата и во услови на штрајк. Директорите на детските градинки треба да се обратат до општините за сите оние кои што ќе штрајкуваат да бидат заменети додека трае штрајкот, така мора да работат. Легитимно право е да се штрајкува, меѓутоа и по закон и по Устав е децата мора да бидат згрижени, изјавија од Министерството за труд и социјална политика (МСТП).
-
Денес сончево и потопло време
Под влијание на стабилна, сува и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, денес и утре времето во Македонија ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност.
-
Уште еден технолошки гигант ќе продава мобилни без полнач
Apple прво го исфрли влезот за слушалки од 3,5 мм, самите жичени слушалки, потоа скенерот за отпечатоци од повеќето телефони, а потоа дојде на ред полначот.
-
Google Maps додава нови корисни функции
Google најави неколку значајни подобрувања на Google Maps кои би требало да им го олеснат патувањето и планирањето на патувањата на корисниците.
-
Нова акција за пошумување на САСА: Засадени 5000 садници во близина на рудникот
И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување. Во најновата акција што се спроведе на 5-ти и 6-ти април засадени се нови 5000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот. Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица.
-
Пораст на извозот, увозот и бројот на вработени во технолошко-индустриските развојни зони
Во технолошко - индустриските развојни зони е регистрирана највисока економска активност во првиот квартал од годината и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
-
Вработените во администрацијата кои не примиле покачена минимална плата, разликата ќе ја добијат по усвојување на законски измени кои се во Собрание
Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.
-
Ниедно дете нема да биде вратено од градинките и покрај штрајкот на СОНК
Градинките ќе примаат деца и покрај најавите на СОНК за штрајк, кои ќе се остварат доколку до понеделник не биде постигнат договор за барањата на синдикатот, додека основните училишта се поделени според прашањето за одржување на настава во случај на штрајк, судејќи според одговорите на неколку директори на скопските образовни институции.
-
Фудбалските ѕвезди и инфлуенсерите добиваат забрана да рекламираат коцкање во Велика Британија
Фудбалерите, славните личности и инфлуенсерите на социјалните медиуми нема да смеат да рекламираат коцкање според новите правила кои се носат во Велика Британија.
-
Осломеј во време на енергетска криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства
Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија.
-
Косово и Германија потпишаа договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи
Министерот за внатрешни работи на Косово и министерот за транспорт и дигитална инфраструктура на Германијa потпишаа договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи во двете земји.
-
Пешаците - најранлива категорија во сообраќајот
До последен момент не се знае кој прв ќе ја мине зебрата, пешакот или пак залетаниот автомобилот.
-
Производите на ЕУ ќе имаат дигитален пасош
Пасошот за дигитален производ ќе биде воведен за сите физички стоки, вклучително и компоненти и посредници кои се ставени на пазарот на ЕУ или ставени во употреба, со исклучок на храна, добиточна храна и лекови. Тој ќе важи и за производите произведени во Европа и за оние кои се увезуваат во ЕУ.
-
Администрацијата денеска на штрајк - ќе има двочасовен прекин на нивната работа
Вработените во управата и правосудството денеска и утре нема да работат од 10 до 12 часот. Причина за прекинот на работата се барањата за исплата на минимална плата и линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари.
-
Ќе ги фрлиме ли маските: Комисијата со препорака да се укине носење на маски во затворен простор, освен во болници….
Укинување на мерката задолжително носење маски во затворено, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз е една од препораките кои Комисијата за заразни болести (КЗБ) ќе ги предложи до Владата.
-
Објавена листата на најбогати за 2022: Помалку милијардери од лани, неочекувани промени на врвот
Магазинот Форбс го објави 36-тото годишно рангирање на најбогатите луѓе на планетата. Овој пат на списокот се 2.668 – што е за 87 помалку од пред една година. Тие вредат вкупно 12,7 трилиони долари – исто така 400 милијарди помалку отколку во 2021 година.
-
Кока - кола најавува отпуштања во Германија
Кока Кола планира да отпушти 410 работници во Германија, објави германската подружница на американскиот гигант.
-
Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 27 април
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 27.04.2022 година ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година. Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година.
-
Договорен увоз на пченица и од Бугарија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство доцна синоќа соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.