Вести
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
Времето утре и за викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд. Утре ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степни, а максималната од 4 до 12 степени.
-
Неработен петок во Македонија – зошто да не?
Шпанија е последна од редицата земји која официјално ја скрати работната недела. Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 часа на 37,5 часа без да се намалат платите. Од ваквата мерка корист ќе имаат 12 милиони работници.
-
На хрватските улици наскоро ќе сообраќаат автомобили без возач: Започна изградбата на фабрика – прва од ваков вид во регионот
Во близина на Загреб започна изградбата на првиот производствен погон за автономни автомобили во Хрватска и регионот. Во оваа фабрика ќе се произведува Vern, автономно електрично роботакси, именувано по познатиот француски писател Жил Верн.
-
Колку брзо возат Германците на делови од автопатите без ограничување на брзината?! Резултатите се изненадувачки…
Често се мисли дека деловите од патиштата без ограничување на брзината во Германија се место за авантуристи, кои ја притискаат педалата за гас „до даска“ и во комбинација на возбуда и нервоза, брзаат, брзаат… Но, тоа не е баш така.
-
Без работа ќе останат неколку илјади работници: Популарна банка во Германија планира големи откази
Комерцбанк планира да отпушти неколку илјади работници во Германија. Мерката се очекува да влијае на 3.000 до 4.000 вработени од вкупно 42.000 лица.
-
10 половни автомобили кои имаат повисока цена отколку кога биле нови
За време на економска криза, побарувачката за автомобили обично се намалува, но феномен кој не беше толку познат во претходните времиња го зафати светскиот автомобилски пазар во последните неколку години.
-
Светски ден на радиото – гласот што го поврзува светот
Од 2013 година, 13 февруари се одбележува како Светски ден на радиото, потсетувајќи нè на неговата клучна улога во медиумскиот пејзаж, како и на потребата за негово прилагодување во дигиталната ера.
-
Граѓаните најбезбедно се чувствуваат дома!
Половина од граѓаните (50,3 отсто) се подготвени да посегнат по насилство за да ја заштитат безбедноста на нивното семејство, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и општо, во државата, по спроведената телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
-
Масовни отпуштања во САД: 75.000 работници прифаќаат доброволно заминување
Околу 75.000 федерални работници во САД ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави портпаролот на американската Канцеларија за управување со персоналот.
-
Милиони Италијанци за Денот на вљубените ќе потрошат 330 милиони евра
Повеќе од шест милиони Италијанци ќе го прослават Денот на вљубените во некои од 133.000 ресторани низ земјата, покажува проценката на Италијанската федерација за јавни услуги (FIPE).
-
Единствената земја што ги постигна целите за 2030 година: Во сообраќајот користат најмногу обновливи извори на енергија
Во 2023 година, уделот на обновливите извори на енергија во транспортот достигна 10,8 проценти на ниво на Европската унија, што претставува зголемување од 1,2 процентни поени во споредба со 2022 година (9,6 проценти).
-
Се ближи Свети Валентин: Дали младите купуваат злато или тоа стана луксуз?
Златарите велат дека младите сѐ помалку купуваат златен накит за Свети Валентин, бидејќи цените постојано растат, правејќи го златото луксуз. За 100 евра може да се купи само скромен подарок, а за нешто поквалитетно потребен е поголем буџет.
-
Како да кажеш „не“ (без да изгледаш неколегијално на работа)
„Не“ не е знак на слабост, туку свесно управување со времето. Кога обврските се натрупуваат, одбивањето на дополнителни задачи е клучно за одржување на квалитетот на работата и менталното здравје.
-
Објавена листа на најбезбедни држави во Европа: Земја од соседството на прво место, а каде е Македонија?
Познатата платформа World of Statistics, која собира податоци и статистики од различни области, објави листа на европските земји каде е најбезбедно да се шета сам ноќе.
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
-
Како ефикасно да управувате со вашето време? 10 клучни вештини за подобра продуктивност
Колку добро управувате со вашето време? Ако сте како повеќето луѓе, одговорот може да биде: „Не баш најдобро.“ Можеби често имате чувство дека денот не е доволно долг за да ги завршите сите обврски. Можеби работите до доцна за да ги испочитувате роковите или сте толку зафатени што прескокнувате оброци и сон. Сето тоа се јасни знаци дека вашето управување со времето не е најдобро и дека може да се подобри.
-
Необичен инцидент во Норвешка: 27.000 лососи избегале од фарма – следи награда за секоја фатена и вратена риба
Мови, најголемата фарма за лососи во светот, рече дека една четвртина од нејзините 105.000 лососи избегале од фарма во Тромсо, северозападна Норвешка.
-
Добивате 500 евра месечно ако се откажете од автомобилот и се возите со јавен превоз
Во Виена започнува кампања за да се поттикнат сопствениците на автомобили да се префрлат на јавен превоз. Жителите на австриската престолнина ќе добиваат 500 евра месечно доколку се откажат од својот автомобил.
-
КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа
На една од групите на Фејсбук каде луѓе од Србија и од целиот регион го нудат својот недвижен имот на продажба или размена без посредници затоа што сакаат да поминат што е можно подобро без дополнителни провизии, се појави објава во која се нуди куќа на Јадранот, на црногорското крајбрежје, на 300 метри од плажата по цена од околу триесет метри квадратни просечен стан во Белград.
-
Во српските продавници снемува кафе: Кoи се причините?
Кафето полека исчезнува од српските дуќани. Граѓаните забележале дека утрово во некои продавници нема кафе, не можело да се најде кафе од ниту еден производител. Горан Радосављевиќ, професор на факултетот ФЕФА, за Нова.рс вели дека кафето автоматски поскапува штом се зголеми акцизата за него.