Вести
-
Доколку планирате да ги посетите овие 5 европски градови, подгответе си го паричникот: Еве каде се плаќаат дополнителни такси
По пандемијата, неколку европски градови се соочија со зголемен притисок да преземат мерки против масовниот туризам. За да се намали метежот, да се заштитат локалните заедници и да се поддржат нивните економии во исто време, пет популарни дестинации одлучија да воведат влезници за туристите.
-
Кина изгради повеќе од 30.000 паметни фабрики
Кина изгради повеќе од 30.000 основни паметни фабрики како дел од националната иницијатива за забрзување на индустриската дигитализација и интелигентната модернизација, соопшти Министерството за индустрија и информатичка технологија.
-
Дали Македонија навистина има најскапи производи во регионот?
Во вчерашната емисија на „360 степени“, беше прикажано истражување во кое новинарски екипи ги споредија цените на идентични производи во неколку соседни земји. Анализата беше направена во меѓународен трговски синџир (со исклучок на Косово), кој се очекува да влезе на македонскиот пазар во 2026 година.
-
Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”
Граѓаните на Македонија кои редовно пазарат од ИКЕА во Солун велат дека ова е неочекувана одлука и им ги отежнува плановите при викенд патувањата.
-
АЛМА - М вработува во Скопје, Тетово, Штип и Битола
7 слободни позиции
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
Минатата година бројот на доброволци за служење воен рок во Хрватска е зголемен за 100 отсто во однос на претходната 2023 година, а од годинава на воена обука пристигнале речиси 300, соопшти денеска Министерството за одбрана.
-
„Бургерот го платив 22 евра“: Гордон Ремзи го затворил ресторанот по бројните негативни рецензии
Ресторанот „Street Burger“ во срцето на Лондон, кој е дел од синџирот во сопственост на познатиот готвач Гордон Ремзи, неодамна беше затворен. Според странските медиуми, ресторанот добил бројни негативни критики од гостите, но не се знае дали тоа била вистинската причина за затворањето.
-
Португалски град им забранува на туристите да се шетаат во костими за капење, казни до 1500 евра
На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да се шетаат во костим за капење, а доколку не го сторат тоа ќе се соочат со високи казни.
-
Се шири нова "Facebook" измама: Ако добиете порака од оваа адреса, не наседнувајте
"Check Point Research" (CPR) предупреди на нова фишинг кампања, која започнала околу 20 декември 2024 година и главно е насочена кон компании во Европа, САД и Австралија. Исто така, забележани се обиди за измама на таргети кои биле контактирани на кинески и арапски јазик, што укажува на глобален опсег на кампањата.
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
Скопската Брза помош има потреба од итни вработувања. Само 4 до 5 екипи од лекар, сестра и возач во една смена од 12 часа го покриваат целиот град и околината, а според стандардите за население од речиси еден милион жители треба да има тројно повеќе тимови.
-
Неизвесна е туристичката сезона на Санторини
На Санторини од 26 јануари годинава се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, а нивните епицентри се наоѓаат во близина, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можен земјотрес со јачина од шест степени.
-
Двоен кружен тек во Загреб: Необично решение, знаете ли како функционира?
Двојниот кружен тек е необично, но, според сè, ефикасно сообраќајно решение. Во Загреб првиот ваков кружен тек се појави кон крајот на 2023 година, во населбата Трешњевка, а наскоро на овој начин треба да биде решена уште една „проблематична“ локација.
-
Еве колкава е просечната плата во Германија за 2025 година
Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платата за 2025 година.
-
Минатата година регистрирани 1.260.425 туристи во Македонија
Минатата година во Македонија биле регистрирани 1.260.425 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на туристи лани се зголемил за 91.695 во споредба со 2023 година.
-
Другата страна на Денот на вљубените: Колку е сериозна „епидемијата на осаменост“ во Европа?
Секој 14 февруари, светот дише во розова и црвена боја. Кога ќе настапи Денот на вљубените, се купуваат чоколади во форма на срце, романтичните патувања се на попуст, а социјалните мрежи се преплавени со слики од парови. Сепак, за многумина, Денот на вљубените не носи радост и љубов, туку потсетник дека се сами или осамени.
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало раст од 5.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Од 15 до 21 февруари се прославува Недела против Валентајн, знаете ли што е тоа?
Додека Неделата на вљубените често се слави со љубов, наклонетост и срдечни гестови, приказната има и друга страна. За многумина, Денот на вљубените може да донесе чувства на фрустрација, тага, па дури и огорченост, особено за оние кои се сингл, кои поминуваат низ раскинување или едноставно претпочитаат да не учествуваат во комерцијализираната прослава на љубовта. Ова е местото каде што доаѓа Неделата против Валентајн, нудејќи необична, понекогаш бунтовничка, алтернатива на традиционалната романса на Денот на вљубените.
-
Кој плаќа највисоки, а кој најниски сметки за струја во Европа?!
Енергетската криза е во полн ек, а цените на електричната енергија и гасот за домаќинствата значително се разликуваат низ европските престолнини. Приспособувањето кон стандардот на куповна моќ (PPS) носи значителни промени во рангирањето на земјите.
-
Вселенската компанија на Џеф Безос ќе отпушти околу 14.000 луѓе
Извршниот директор на вселенската компанија Блу Ориџин, Дејв Лимп, најави отпуштање на околу 10 отсто од целиот персонал на компанијата, што е околу 1.400 вработени од речиси 14.000.
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
Македонските граѓани велат дека не ги интересира политиката но следат се што се случува на политичката сцена. Вакви резултати покажува истражувањето на Институтот за социолошкки и политичко правни истражувања направено во соработка со Институтот за демократија.