Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Нашите баби плетеа капи и шалови, а сегашните баби вртат онлајн-бизниси
Во дигиталната ера, не само младите, туку и постарите генерации откриваат нови можности за заработка преку интернет.
-
Традиции и трошоци – колку сега чини свадбата од соништата во Македонија?
Организирањето на свадба или било каква значајна прослава е традиција со длабоки корени во македонското општество, но и со висока цена која значително го оптоварува семејниот буџет.
-
Black Friday аппел на УЈП до трговците
Во пресрет на најавениот Black Friday викенд, Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.
-
Утре без струја ќе бидат делови од Карпош и Центар
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 21.11.2024 година, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од Центар и Карпош.
-
За да го помине ноември, на едно семејство му требаат најмалку 62 илјади, ако нема кредити и кирија
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77 396,00 денари.
-
Илон Маск бара луѓе од кој било дел на светот за работа од дома: Плата од 270.000 долари годишно
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од 270.000 долари годишно.
-
Една европска земја издава казни до 200 евра ако возите во зимска јакна! Дали знаете зошто?
Зимската облека ги ограничува движењата на возачот зад воланот. Покрај тоа, тестовите покажаа дека зимската јакна може да го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас.
-
Футуристичка алтернатива на централно греење: Некои од најстарите куќи во Европа се загреваат со помош на електрични тапети
Невообичаена, малку футуристичка алтернатива на централното греење со гас се тестира во вкупно дванаесет станбени згради во Глазгов. Т.н електрични тапети кои можат брзо и лесно да се закачат на таванот и да го загреат просторот со ослободување на инфрацрвени бранови. Ова го избегнува согорувањето на фосилните горива.
-
Скопје прв најзагаден град во Европа
Скопјани и денеска се разбудија во смог.
-
Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).