Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Искористете ја шансата – последен ден за аплицирање на 99 огласи за работа
Ако сте во потрага по работа, не одложувајте. Денеска на vrabotuvanje.com.mk истекуваат 101 оглас, а можеби токму еден од нив е вашата следна кариера.
-
Македонија има најмалку странски туристи во регионот
Ако ги споредиме податоците за странски туристи во регионот и кај нас, Македонија има далеку послаби резултати од земјите во опкружувањето.
-
И во ЕУ има места каде луѓето едвај врзуваат крај со крај: Во овие две земји ситуацијата е особено тешка
Последното истражување на Еурофонд откри дека луѓето во Грција и Хрватска имаат многу тешко време за живеење.
-
Ако планирате да патувате во Каталонија, ќе плаќате двојно повисоки туристички такси
Властите во шпанската област Каталонија донесоа одлука за двојно да ги зголемат туристичките такси во регионот, а исто така да издвојат и 25% од добиениот приход за станбена политика.
-
На што ги трошат Македонците своите први плати?
Првата плата е посебен момент во животот на секој млад човек. Тоа е првиот чекор кон финансиска независност, а со него доаѓаат и првите сериозни одлуки за трошење.
-
Такси возилата во Белград мораат целосно да бидат бели
Такси возилата во Белград до 10. март најкасно мораат да бидат целосно бели, без налепници и било какви други ознаки.
-
Зошто сите сме наелектризирани? Што и да допреме, нè „удира“ струја – еве што се случува
Во последно време, многумина се жалат на појава на статички електрицитет. Често чувствуваме „пецкање“ при допир со некого, при преслекување или отворање на врата од автомобил.
-
Што прават децата во Данска, а на балканските родители им звучи како кошмар?
Сцени од детска градинка во Данска станаа вирални со неверојатна брзина на социјалните мрежи, носејќи насмевки на лицата на сите. Малечките буквално се валкаа во кал и одлично се забавуваа! Можеше да се слушне само нивната весела смеа, додека неуморно стануваа и повторно скокаа во баричките.
-
Се менува системот за наплата на патарини во Србија: Колку километри ќе пројдете, толку ќе платите
Ќе има одредени промени во начинот на плаќање на патарините на српските автопатишта. Сè оди кон елиминирање на рампите, поточно, нивно подигнување, благодарение на системот за електронска наплата (ENP).
-
Во Минхен откажани голем број летови поради штрајк на аеродромот
Дводневниот штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, вториот по големина во Германија, доведе до откажување голем број летови.