Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Во недела патот околу Мавровско езеро затворен за сообраќај
На 8 септември 2024 година, во Маврово ќе се одржи петтата по ред трка „Халк Вело Грин“ , поради што ќе има промена во сообраќајниот режим.
-
Објавен јавниот повик за субвенции за нови дестиниции до и од скопскиот и охридскиот аеродром
Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
-
Кои се најскапи, а кои најевтини земји од ЕУ
Кои земји од ЕУ се најевтини, а кои најскапи?
-
Вработени во земјава се 691.736, а невработени 98.416 лица
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица.
-
Пари за откуп има, ама грозје слабо има
Во срцето на Тиквешијата, каде што лозовите насади некогаш беа гордост на регионот, сега владее тишина.
-
Пет професии ќе бидат најбарани во иднина, а еве какви вештини ќе бидат потребни
Пазарот на труд се менува побрзо од кога било и многу работни места кои постојат денес наскоро ќе исчезнат.
-
Најтопло лето досега – просечната глобална температура за 0,69 степени повисока од тримесечниот просек во последните 30 години
Ова лето ги собори глобалните топлотни рекорди, поради што ќе остане запишано како најжешко од кога се бележат податоци. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше за 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави Коперникус, служба за климатски промени на Европска Унија (ЕУ).
-
Зошто се повеќе домови за стари лица во Германија одат во стечај?
Се повеќе големи германски ланци на домови за стари лица поднесуваат барање за стечај. Причина за тоа се зголемените трошоци и немањето квалификувани работници.
-
И ДЕЛ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Во која земја состојбата е најлоша?
Според Евростат, околу 29 отсто од луѓето на возраст над 16 години во Европската Унија(ЕУ) не можеле да си дозволат еднонеделно патување во 2023 година. Голем број Бугари и Романци не можеле да си дозволат одмор. Причина се финансиите.
-
Скопјани плаќаат најскапо месо, тетовци најскап грав, а охриѓани јадат најскап кашкавал
Анализата на Државниот завод за статистика покажува дека жителите на главниот град плаќаат најскапо месо, но зачудува што тетовци плаќаат најскап грав, додека струмичани најскап компир.