Vrabotuvanje.com - Актуелно
Сподели
Tweet
Сподели

Актуелно

Повеќе

Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.

  • Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш

    „Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, па и годинава лозинката 123456 се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.

  • Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави

    Со приближувањето на крајот на годината, атмосферата во корпоративниот свет станува сè повесела и поопуштена, додека многу компании започнуваат подготовки за традиционалните предновогодишни забави. Овие настани не се само можност за одбележување на деловниот успех, туку и можност да се наградат вработените за нивната посветеност и ангажираност во текот на целата година.

  • Компаниите освен сметководител и адвокат ќе мора да ангажираат ИТ- професионалци за да напредуваат Компаниите освен сметководител и адвокат ќе мора да ангажираат ИТ- професионалци за да напредуваат

    Секоја компанија ќе мора да ангажира ИТ-професионалци или компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И од бизнис-секторот се согласуваат дека дигитализацијата е клучна за подобрување на нивното работење, односно зголемување на ефикасноста, продуктивноста, конкурентноста и зголемување на можностите за извоз.

  • Цените на становите пораснаа, а кириите се за жалење Цените на становите пораснаа, а кириите се за жалење

    Во услови на економска неизвесност и инфлација, многу граѓани од Балканот се решаваат своите заштеди да ги инвестираат во недвижен имот, бидејќи го сметаат за најсигурна форма на инвестиција. Вложувањето во станови, куќи и деловен простор е тренд кој постојано расте, а со него растат и цените на недвижнините, што е очигледно во речиси сите големи градови.

  • Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади се помалку и помалку Македонија изгубила голем дел од домашното производство на храна – се сади се помалку и помалку

    Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...

  • ДАЛИ ШЕНГЕН РЕЖИМОТ Е НА ЗАМИНУВАЊЕ: По Германија, и Холандија ги врати проверките на граничните премини ДАЛИ ШЕНГЕН РЕЖИМОТ Е НА ЗАМИНУВАЊЕ: По Германија, и Холандија ги врати проверките на граничните премини

    Холандската влада објави дека воведува дополнителни проверки на нејзините копнени граници за борба против нерегуларната миграција, слична на политиката што ја воведе Германија во септември. Тоа е најновиот потег на тврдодесничарската влада во земјата, чија цел е да ја заузда имиграцијата, додека антимигрантското расположение е во пораст низ Европа.

  • Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

    Од денес, 15-ти ноември 2024 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

  • Дедо Мраз патува преку планини и езера Дедо Мраз патува преку планини и езера

    Дедо Мраз стигнува со соларен чамец за да ја подигне „божиќната пошта“ во Химелпфорт во Бранденбург. Таму веќе 40 години пристигнуваат детските писма со нивните желби.

  • ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра

    Европската комисија ја изрече казната откако нејзината долга истрага утврди дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција и се вклучила во антиконкурентно однесување.

  • Златото падна на најниско ниво во последните два месеци Златото падна на најниско ниво во последните два месеци

    Цените на златото во четвртокот го продолжија својот пад на речиси двомесечно ниско ниво

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде