Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Пензиите ќе може да се подигнат и денес ама само од оваа банка
Време е за исплата
-
Од септември поголеми пензии: За линеарните 2.500 денари месечно потребни плус 13,86 милиони евра
Во септември пензионерите ќе имаат на располагање дополнителни 2.500 денари. Со тоа, власта ќе ја реализира првата рата од ветеното линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари. Втората ќе биде во март идната година.
-
ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ НОВИ ПРАВИЛА НА ЕВРОПСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Се враќа забраната за носење над 100 ml течности во кабинскиот багаж
Ако летате некаде во Европа во септември, треба да се запознаете со некои нови правила кои стапуваат на сила на аеродромите на ЕУ од овој викенд. За патниците кои патуваат со рачен багаж на летови, ЕУ одлучи да не им дозволи да носат повеќе од 100 ml течности во нивниот кабински багаж, вклучувајќи контејнери со аеросоли и гел.
-
Уписи на УКИМ: Најмногу слободни места на ПМФ и ФИНКИ, најголема гужва на Економски
Потенцијалот за високи примања и флексибилноста на информатичките професии беа меѓу најчестите причини што ни ги посочија идните студенти кога ги прашавме зошто одлучиле да се запишат на ФИНКИ - велат од Мета.мк
-
На факултет во Хрватска, студентите од Македонија ќе плаќаат како домашните студенти
Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји
-
Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори
Британската влада наводно размислува да го забрани пушењето во некои отворени простори за да го подобри јавното здравје, пренесе денеска ДПА.
-
За 7 години бројот на ученици е намален за 17 илјади, само бројот на првачиња е намален за 3500
Демографската слика во Македонија се движи кон катастрофа. Како што пренесува Алфа за 7 години бројот на ученици се намалил за 17 илјади, додека бројот на првачиња е намален за 3500. Поради ваквото намалување на населенито во нашата држава се затвараат и училишта. Само во период од 1 година се затворени дури 14 училишта.
-
Наплив на диви таксисти во Скопје
Дивите таксисти го преплавија Скопје откако јавниот превоз речиси колабираше. Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека аларментен е бројот на нелегални такси превозници.
-
Венеција ви нуди престој и плата од 150.000 евра годишно ако…
Можеби едно од најпопуларните туристички места во Италија, Венеција понуди можност за заработка и престој во градот за плата од 150.000 евра годишно.
-
ЕУ: Нови правила – нови рестрикции за авио багажот
Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас.