Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ВРЕМЕ Е ЗА НА ПЛАЖА – ВО СЕПТЕМВРИ! Летото годинава ќе биде продолжено, како во Македонија така и на Балканот
Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
Сè уште не се појавил добитникот на Лото кој освои 1,7 милиони евра
Милионерот од Охрид сè уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра. Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија. Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид.
-
Нема газда што сега вели: „Ако не ти чини, ене ти ја вратата“
Во време кога пазарот на трудот претрпува динамични промени, работодавачите се соочуваат со нов предизвик: недостиг на квалификувана работна сила.
-
Почитувајте ги законите во Грција – ова задоволство може да ве чини 3.000 евра
Запознавањето со морските суштества е едно од најинтересните искуства што може да ги понуди природата. Од блескавите корали до игривите делфини, морските длабочини се дом на неверојатно разновидни форми на живот.
-
Колку пари да барате при преговори за повисока плата?
Значи, ако одиш да преговараш - добро подготви се!
-
Ретко кој пријавува гостин во приватен апартман
Чисти пари и сива економија
-
Странците се од суштинско значење за економијата на Источна Германија
Странски работници се потребни за економијата на Источна Германија, објави ДПА, повикувајќи се на истражување објавено пред изборите во три источни покраини.
-
Од наредната година минималната плата во Србија ќе изнесува 457 евра
Минималната плата за 2025 година во Србија ќе изнесува 53.592 динари, што е за 13,7 отсто повеќе од минималната за годинава, беше договорено на денешната седница на Социјално-економскиот совет (СЕС).
-
Денес православните христијани го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица
Православните верници денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
-
За кого нема да ѕвонат училишните ѕвона? За многумина!
Сведоци сме на значително иселување на населението од одредени региони, што доведува до драстично намалување на бројот на ученици во многу училишта.