Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ
Седум евра ќе биде таксата што македонските државјани ќе мора да ја плаќаат за да можат да влезат во некоја од земјите на Европската унија кои се дел од Шенген зоната. Оваа мерка ќе почне да се спроведува од 7 мај идната година и ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија.
-
Учебници на 1 септември ќе има – освен за странски јазици
Освен учебниците за странски јазици, по сите други предмети учебници ќе има во училиштата на почетокот на учебната година, повтори денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Неколку германски градови сакаат да ја забранат Ер-би-ен-би на својата територија
Популарната платформа за изнајмување туристички станови, Ер-би-ен-би (Airbnb) падна во немилост на некои германски градови.
-
Се укинува втората смена во повеќето училишта
Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со дел од училиштата се уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Народот се повеќе зема кредит за да си купи автомобил, а помалку бара кредитни картички
Растот на депозитите е предизвикан од растот на штедењето на домаќинствата, додека зголемувањето на кредитирањето го прави зголемената побарувачка на кредити од домаќинствата и од компаниите.
-
РУШИМЕ РЕКОРДИ: Просечната плата во Македонија достигна речиси 42 илјади денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 114.8.
-
Кој град е прогласен за најскап во светот за 2024 година? Не е големо изненадување, еве кои градови се најдоа на листата
Трошоците за живот пораснаа насекаде во последните неколку години, но има одредени места каде што цените се високи.
-
„За да не ги јадат нив, ни ги носат да нѐ јадат нас“ – еве зошто има толку многу кучиња-скитници во Скопје
Скопје се соочува со зголемен број на бездомни кучиња, што предизвикува загриженост кај жителите на градот.
-
Нова група Непалци исчезнаа од Македонија, ќе се истражува ли заднината?
Исчезна нова група на Непалци кои биле вработени во Македонија, информира денеска полицијата. МВР соопшти дека во Полициската станица Аеродром М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле девет лица од Непал, кои биле вработени во фирма во Скопје. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
-
Пеколното лето ги измачи земјоделците – ќе им се исплати ли трудот?
Летото е време на обнова и раст, но за земјоделците во Македонија, ова годишно време сè повеќе станува период на неизвесност поради климатските промени.