Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Само 6 часа работа во петок – ќе тргнеме ли по стапките на Албанија?
Во Албанија, администрацијата ќе воведе нов работен распоред, при што вработените ќе работат скратено време од шест часа во петок, додека од понеделник до четврток ќе имаат полна осум и пол часовна работна смена.
-
Да ги немаше климатските промени, немаше да ги има овие пеколни горештини: Научниците објавија нови наоди
Според научниците, екстремните температури во Европа и Медитеранот во јули би биле „практично невозможни“ доколку луѓето не ја загреале планетата користејќи фосилни горива.
-
Клучни претприемачки вештини што нема да ги научите во училиште
Додека училиштата ја поставуваат основата за основните академски вештини, вистинската суштина на учењето цвета надвор од ѕидовите на училницата. Развивањето меки вештини не само што го збогатува личниот развој, туку и ве подготвува за различните предизвици на модерната работна средина.
-
Кромберг и Шуберт со понуда - Препорачајте пријател и добијте скутер!
Компанијата Кромберг & Шуберт е глобален снабдувач на кабелски спопови за автомобислката индустрија со фабрики на 40 локации низ целиот свет и повеќе од 50.000 вработени на глобално ниво.
-
Извршниот директор на JPMorgan Chase: Вештините се „многу поважни“ од факултетска диплома за работа
Не ви е потребна диплома од факултет за да работите во финансии или сметководство за да имате профитабилна кариера во банкарството, изјави извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Димон.
-
30 слободни позиции: ГОЛЕМ КОНКУРС за вработување во Пурпласт - компанија лоцирана во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик
Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот.
-
Начинот на кој го заклучувате мобилниот телефон открива кои сте и какви сте: Дали сте креативни, уредни или прогресивни?
Тестовите на личноста се забавен начин да научите нешто ново за себе. Колку и да ви изгледа туѓо, начинот на кој го заклучувате и отклучувате телефонот може да открие некои работи за вас.
-
Сопствениците на куќите каде има гнезда на штркови имаат право на паричен надомест!
Сопствениците на куќи или деловни објекти во Загребската жупанија, на чии покриви се гнездат белиот штрк, годинава може да сметаат на 92 евра по гнездо за покривање на трошоците за поправка на покривот.
-
Колкава оштета можете да добиете доколку вашиот лет доцни? Износите не се воопшто мали, а во некои случаи имате и право на сместување!
Сè почестите доцнења на летовите поради технички проблеми, како на белградскиот аеродром, така и на аеродромите низ Европа, не само што предизвикуваат големи тешкотии и непријатност за патниците, туку и финансиски трошоци за авиокомпаниите.
-
Во школо на 2 Септември, без пролетен распуст
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици.