Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ШТО ГО ЧЕКА ПАРИЗ ПО ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ? Дали тоа ќе биде финансиски триумф или главоболка?
Париз по трет пат е домаќин на Летните олимписки игри, а организацискиот одбор инсистира дека се е под контрола кога се во прашање финансиите. Дали е тоа така?
-
КУПУВААТ ГАРАЖИ ВО СКОПЈЕ, ПА ПРАВАТ БИЗНИС СО НИВ: Ги изнајмуваат и до 100 евра месечно!
Цените на становите во Скопје вртоглаво пораснаа во изминатиот период, но не поскапеа само нивните квадрати.
-
Ајварот станува луксуз за Македонците
Традиционалното македонско јадење – ајварот, оваа година ќе биде значително поскапо за производство во традиционални домашни услови, бидејќи откупната цена на црвената пиперка изнесува 40 денари за килограм прва класа.
-
Германските компании сè повеќе размислуваат за преселба во странство
Скапите извори на енергија сè повеќе ја оштетуваат Германија како индустриска земја. Трендот на преселување на производството во странство е сè поизразен, пред сè кај индустриските компании.
-
Да донираме - Црвениот крст отвори сметка за помош за справување со последиците од пожарите
Црвениот крст преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
-
Килограм за 40 евра?! Морска сол што ја користат најдобрите ресторани во Европа
Грегори и Вирли Маршал се сопственици на Blackthorn Salt, компанија за морска сол. И не би било ништо посебно да немаат производ направен по заборавена процедура, по која се стремат најдобрите ресторани во Европа.
-
2 Август – Денот на Илинденското востание и Крушевската република
Граѓаните денеска го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.
-
НАЈСТРЕСНИОТ ГРАД на планетата во 2024 година ни е во комшилук!
Според истражувачката студија, издвоени се најстресните градови во 2024 година.
-
Нови „правила“ во сместувањата во Хрватска: За вклучување клима – казна од 150 евра
Хрватскиот туризам веќе извесно време се соочува со голем број предизвици кои негативно се одразуваат на неговиот развој и углед.
-
Купувачите најмногу ги иритира туркање преку ред, дишење во врат, пипкање на храната, муабетење на сред патека…
Многу често пазарењето може да биде мачно и непријатно, особено кога маркетите се полни со купувачи.