Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сончево и топло уште ден-два, следува промена на времето
До крајот на денов сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.
-
Малку ќе ни се две планети за да го складираме ѓубрето!
ЦРНО НИ СЕ ПИШУВА АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО „ГРИЖО МОЈА, ПРЕЈДИ НА ДРУГ“
-
Клик! Бум! Трас! Една година постоење во Македонија прослави Ананас!
Интервју со Денис Ампов
-
Бојата на костимот за капење може да ви го спаси животот: Нијансата е од пресудно значење, експертите откриваат зошто
Високите температури често значат водени активности за разладување. Сепак, од клучно значење е да се земе предвид изложеноста на УВ и безбедноста на водата. Дали знаевте дека бојата на вашиот костим за капење може да влијае на вашата видливост и безбедност во водата?
-
Венеција од утре воведува нови ограничувања за туристите: Казните и до 500 евра
Најновите ограничувања ќе важат за центарот на Венеција и островите Мурано, Бурано и Торчело.
-
Кои се најзадолжени земји во ЕУ?
Долгот на еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а најзадолжените земји се на југот на континентот.
-
Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември
Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за не примена на донесената одлука.
-
ДУРИ 45 ГОДИНИ СТАЖ ЗА ПЕНЗИЈА ОД САМО 1.200 ЕВРА: Зошто пензиите се ниски во Германија?
Речиси секој петти пензионер во Германија, со најмалку 45 години стаж, добива пензија помала од 1.200 евра – за германски услови, прилично ниска сума која едвај ги покрива животните трошоци. За споредба: просечната бруто плата во Германија беше 4.323 евра во април лани.
-
7 нови компании на Vrabotuvanje.com.mk: Вработуваме на повеќе позиции
Ве очекуваме!
-
ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ СТАНАА „ФАТАЛНИ“ ЗА РЕСТОРАНИТЕ: Поради високите цени, луѓето масовно ги откажуваат хотелите во Париз
Париз подготви речиси 280.000 соби за време на Олимписките игри, но многу од нив нема да пречекаат гости. Првата причина беа астрономските цени кои хотелиерите во меѓувреме ги намалија, но очигледно недоволно. За споредба, за време на Олимпијадата во Лондон, капацитетите беа исполнети до 90 отсто, што барем во моментов е незамисливо во Париз. Од посетата не се задоволни ниту рестораните.