Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Оваа година, новогодишната реклама на Coca-Cola ја создаде вештачката интелигенција
Секое зимско време, светот со нетрпение очекува да ја види познатата реклама на Coca-Cola, која не само што ја обележува празничната сезона, туку и создава чувство на топлина и радост. Оваа година, компанијата направи значаен пресврт во својата традиционална реклама, користејќи вештачка интелигенција за создавање на целосно нова приказна.
-
Најскапата шопинг улица во светот не е веќе во Њујорк: Прв пат европски град да се најде на врвот на листата
Миланската улица Виа Монте Наполеоне ја надмина Петтата авенија во Њујорк и стана најскапата шопинг улица во светот, што е прв пат европски град да се најде на врвот на листата.
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија.
-
Работа во странство – колку чини сонот за подобар живот?
Многу македонски семејства денес живеат со приказната на гастарбајтерите – едни се во татковината, други се илјадници километри далеку во потрага по подобра иднина.
-
Една од најсреќните земји во светот сега им плаќа на луѓето да се преселат таму: Еве зошто бараат нова популација
Има многу земји низ светот кои всушност даваат пари за да се преселите. Меѓу овие земји, таа е најбезбедната и една од најсреќните земји во светот.
-
Почна новогодишното украсување во Центар
Синоќа почна новогодишното украсување на улиците во главниот град, поточно оние под ингеренција на Општина Центар. Ќе има и новогодишен базар. Празничното украсување ќе се реализира на повеќе локации, со посебен акцент на познатите јавни простори како Сквер Јадран, Боемска, Сквер Капиштец и паркот Капиштец, кои ќе блеснат во светлоста на празниците.
-
Колку да се напумпаат гумите за безбедно возење во зима?
Возењето со недостаток на напумпани гуми зимно време значително го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи поврзани со состојбата на гумите, покажаа истражувањата. Исправно напумпаните гуми не само што овозможуваат подобра контрола на снег, туку ја намалуваат потрошувачката на гориво и го продолжуваат векот на гумите.
-
Утревечер во Скопје се очекува снег!
Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m 2 ). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
-
Се очекува маслиновото масло дупло да поефтини!
Еден од најтешките периоди за индустријата се приближува кон крајот и се очекува цените на маслиновото масло во следните месеци да се намалат на половина од својот историски максимум, според најавите.
-
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
Управата за јавни приходи излезе со известување за корисниците на МојДДВ врзано со ажурирање на податоците.