Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Четири совети кои ќе ви помогнат да заштедите
Општо познато е дека често купуваме работи што не ни требаат. И во повеќето случаи, жените се во првите редови на ваквата навика.
-
Чварките и кајмакот – од евтина храна до луксуз: Високите цени ги шокираат купувачите
Поради драстичното покачување на цените, некогаш евтините деликатеси како чварките и кајмакот сега се купуваат на грам. На пазарите килограм чварки достигна цена од околу 800 денари, што ги претвори овие традиционални „бомбони од свиња“ во луксузна храна.
-
Планетата број девет: Дали потрагата ќе заврши во 2025-та?
Астрономите речиси една деценија го пребаруваат надворешниот Сончев Систем за знаци на хипотетичка деветта планета, но без успех.
-
Уште една европска земја ја зајакнува контролата на границите
Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген.
-
Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгард, а од Охрид до Базел и Истанбул
ШЕСТ НОВИ АВИОНСКИ ДЕСТИНАЦИИ ВО 2025 ГОДИНА, СЕ ОЧЕКУВААТ ПЛУС 200 ИЛЈАДИ ПАТНИЦИ
-
По Нова година ќе паѓаат цените на половните автомобили
Поради намалување на ДДВ и најавите за намалување на данокот на емисија на ЦО2 се очекува намалување на цените на половните автомобили.
-
Огласи за вработување во ГЕРМАНСКА компанија со седиште во Скопје
Станува збор за ATLETICA.de - германска компанија специјализирана за фитнес во домашна теретана.
-
ЕВЕ КАКВА ЗИМА ЌЕ ИМАМЕ: Може ли точно да се предвиди?
Делови од Европа ќе се соочат со постудена зима од минатата година по летото полно со екстремни временски услови низ целиот континент.
-
Преку проект ќе се утврдуваат причините зошто жените над 50 години не можат да најдат работа
На 29 октомври, со почеток во 10 часот, во просториите на Економски институт-Скопје, ќе биде означен почетокот на проектот: „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, кој се реализира во рамки на програмата Visegrad+ Grants, (2xV4 + 2xWB6/EaP), како дел од повикот за акциски грантови за 2024 година, во областа на Јавна политика и институционални партнерства.
-
Од полноќ почнува зимскиот ред на летање, ќе се лета на 44 дестинации од скопскиот аеродром и четири од охридскиот
Почнува новиот зимскиот ред на летање, што стапува во сила на полноќ. Од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, или вкупно 44 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје. Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации.