Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Не ни бега поскапување на струјата оваа зима?
Домаќинствата во Македонија наскоро ќе се соочат со нов ценовен шок, бидејќи се очекува значително поскапување на електричната енергија за време на зимските месеци.
-
МИК Свети Николе ја купи бизнисмен од Грција
Гркот Анастасиос Каранастасис од Кожани, презеде доминантна контрола над МИК Свети Николе
-
Годишно ни бегаат по 2500 дипломци и таленти, државата нема “лек“ за да ги задржи дома
Одливот на мозоци ја стави земјава на високото петто место во Европа
-
Шест часа – 225 евра: Европска метропола брутално ги покачи цените за паркирање на еден вид автомобил
Од минатата недела цените за паркирање во Париз значително се зголемија за теренците, SUV возила и другите многу тешки автомобили. Еден час чини 18 евра, а оние кои сакаат да паркираат шест часа плаќаат дури 225 евра.
-
Следува продолжен викенд: 11-ти Октомври неработен ден за сите граѓани на Македонија
Следниот неработен ден воедно и продолжен викенд е 11 октомври (петок), Ден на народното востание.
-
Електронското плаќање зема се поголем замав!
Во вториот квартал од 2024 година има засилена употреба на дигитални плаќања од страна на граѓаните. Податоците кои ги објави Народната банка велат дека се почеста е употребата на платежните картички од страна на граѓаните, а полека станува пракса и плаќањето по пат на интернет, односно електронските платни налози. Со тоа што има раст на вкупните трансакции во е-трговијата од 22 отсто на годишно ниво, може да се заклучи дека граѓаните се повеќе се откажуваат од плаќањата во кеш.
-
И туршијата не е веќе тоа што беше
Граѓаните кои традиционално подготвуваат зимница, оваа година се соочуваат со зголемени трошоци за подготовка на зелена туршија.
-
НОВ СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве како ќе функционира, ова ќе мора сите да го направат
Новиот систем за влез и излез од ЕУ наскоро ќе стапи на сила, поточно во ноември, а сега ЕУ даде детално објаснување како се ќе функционира.
-
Закерберг опасно се приближува до Маск, го престигна Безос на листата на милијардери, моментално е втор, а еве кој друг е во топ 10
Сопственикот на технолошката корпорација Мета Марк Закерберг се искачи на новата листа на милијардери на Блумберг за да го заземе второто место, со што основачот на Амазон, Џеф Безос, падна на третото место.
-
ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЛЕТ НА УРАГАНОТ КИРК: Силни ветришта, обилни дождови и можни поплави во западна Европа
Откако го достигна статусот во категоријата 4, Кирк ослабе во Атлантскиот Океан како силен посттропски циклон. Има моментални максимални ветрови од 125 км на час. Бидејќи Кирк е посттропска бура, Националниот центар за урагани го заврши издавањето на совети за оваа бура. Се очекува Кирк да ослабне, но сепак ќе има влијанија врз делови од Европа. Силни, силни ветрови и обилни врнежи ќе бидат можни за делови од Велика Британија и северна Франција.