Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дневница од 1.600 до 2.000 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка
Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.
-
Колку примања се потребни за удобен живот во европските престолнини?
Трошоците за живот во големите европски градови постојано растат, а според најновите истражувања, значителни примања се потребни за да се води удобен живот во престолнините како Париз, Берлин и Лондон.
-
ТАВ АЕРОДРОМ:ПОДГОТВУВАМЕ ГОЛЕМ МАСТЕР ПЛАН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА АЕРОДРОМИТЕ
Ќе има нови летови
-
Оваа есен Земјата добива „втора Месечина“
Гравитациското влечење на Земјата ќе предизвика заробен астероид да кружи околу нашата планета скоро 60 дена.
-
Во државата има 100 илјади невработени, а никој не се јавува на огласите за работа
НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ, НО ВЕЌЕ НЕМАМЕ НИТУ РАБОТНИЦИ
-
Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини
Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава.
-
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
-
Над 50 олдтајмери од Западна Европа следната година ќе дојдат во Македонија како дел од Бахус Класик релито 2025
Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври следната година ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава. Учесниците ќе имаат можност да дегустираат македонски вина, да вкусат традиционална македонска храна, а притоа да посетат и неколку културно-историски знаменитости.
-
„Lamborghini“ претставува лимитирана едиција на елегантни и луксузни – детски колички
Ако купувањето на „Lamborghini“ автомобил е вашиот далечен (и скап) сон, постои полесен начин да го внесете овој луксузен бренд во вашиот дом: купете му на вашето дете лимитирана „Lamborghini“ детска количка.
-
НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители
Малиот шведски град Гломерстреск во Лапонија нуди финансиска стимулација за луѓе кои би се доселиле кај нив.