Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Пчеларите смислуваат нови производи за да заработат – сте пробале мед со цвекло?
Пчеларите од Повардарјето се соочуваат со сериозни предизвици оваа година, со речиси преполовени приноси на мед.
-
Охрид ја менува стратегијата за туризам – еве на што ќе биде фрлен фокусот
Охрид, со сета своја неповторлива природна убавина и богато културно наследство, долго време е магнет за туристи од целиот свет.
-
Се крена бура поради „укинувањето на Шенгенот“: Германија ветува – нема да има гужви на границите!
На патниците им се препорачува да носат лични документи или визи, доколку се државјани на земји кои не се членки на Шенген зоната.
-
Грците стануваат се посиромашни
Стапката на сиромаштија е 26,1 отсто
-
На децата помлади од две години треба да им се забрани времето пред екрани, велат Швеѓаните
Не е тајна дека премногу време пред екраните може да има негативно влијание врз детските мозоци во развој. Но, шведските здравствени експерти сега одат чекор понатаму и препорачуваат малите деца воопшто да не користат дигитални уреди и телевизија.
-
Ние го фрламе, додека во Данска прават бизнис од него: Килограм од овој производ во Македонија чини околу 300 денари
Веќе е општопознато дека Скандинавците се лидери во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Норвешка веќе дозволува крстарења со еколошки бродови, Шведска толку „избезумено“ рециклира ѓубре па го снемува и мора да се увезува од други земји, додека во Данска, меѓу останатото, смислија и нешто друго.
-
Сакате да започнете бизнис со фитнес центар? Ова е сè што треба да знаете!
Отворањето на фитнес центар е одлична можност за оние кои сакаат здравје и фитнес, но и за претприемачи. Со растечкиот интерес за здравјето, побарувачката за фитнес услуги е во пораст. Сепак, отворањето на фитнес центар бара добро планирање, финансии и разбирање на индустријата. Овој водич ќе ве води низ основните чекори за успешно отворање на фитнес бизнис.
-
НА AMAZON МУ ПРЕКИПЕ: Сите вработени назад на работните места, работа од дома само во одредени околности
Главниот извршен директор на Амазон, Енди Џеси, во понеделникот објави полно работно време во канцеларијата за вработените во Амазон, нагласувајќи ги придобивките од личното работење, објави германската новинска агенција dpa.
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.
-
Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници, а 90 отсто од нив се жени
Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажуваат владините податоци.