Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Нашите работници почнаа да одат на печалба во Албанија, платата на инженер – 3 000 евра
Освен во Хрватска, Словенија, Србија, младите од Македонија почнаа да одат на печалба и во Албанија, каде што платата на електроинженер достигнува и до 3 000 евра.
-
Добра вест за нашинците во Германија – расте минималната саатница
Со најновите промени во економската политика, македонските граѓани кои работат во Германија можат да очекуваат значително подобрување на својата финансиска состојба.
-
За три дена во Кавадарци се испиле над 27 тони вино
Жедна нација!
-
Ќе има ограничени цени за над 100 прехранбени производи!
Граѓаните веќе се истрошени и велат дека мора час поскоро да се превземат мерки.
-
Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите
По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14:30 часот со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.
-
Трошоците за живот за еден месец пораснале за 0,5 отсто
Според Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %.
-
Тие крадат струја, а други им ги плаќаат сметките – најмногу кражби има во Скопје и во Гостивар
Во сенка на урбаниот развој и економските предизвици, Скопје и Гостивар се издвојуваат со проблем кој го потресува секојдневието на нивните жители – кражбата на струја.
-
Скапо е да се храниш со месо во Скопје, ама скапо е и да сркаш гравче во Тетово
Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, граѓаните на Скопје се соочуваат со нов предизвик – цените на основните животни потреби, како што е храната, драстично се зголемуваат.
-
Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил? Еден бренд непријатно изненадил
Американски „Consumer Reports“ направи големо истражување за доверливоста на користените автомобили.
-
Рекорден број затворања компании во Германија: Речиси 15.000 работници погодени од стечај
Германската економија продолжува да стагнира и многу компании се затвораат. Во јужна Германија истражувачите за несолвентност бележат рекордни бројки.