Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Почнува учебната година во Грција – мобилниот телефон забранет за време на наставата
Над 1,3 милиони ученици во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, а новата учебна година започнува со десет промени, меѓу кои и забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата,.
-
Пристигнавте на саканата дестинација, но вашите куфери не: Што да направите за да се спречи тоа да се случи, а што ако се случи?
Ако има проблем со вашиот багаж, најверојатно ќе го сфатите кога ќе застанете до линијата за прифаќање куфери.
-
Жителите на Солун тротинетите ги фрлаат во море, извлечени десетици од градското шеталиште
Десетици тротинети биле извлечени во акцијата за чистење на Солунскиот залив. Покрај тротинетите од морето биле извлечени и мотори, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
-
ВИКЕНДОВ И НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ БЛИЗУ 0 СТЕПЕНИ: Ќе почне ли грејната сезона порано? Еве што велат метеоролозите
По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
„Визер“ ги укинува летовите од Скопје до Келн?!
За честите патници меѓу Скопје и Келн, има разочарувачки вести - почнувајќи од ноември 2024 година, директните летови на оваа популарна рута веќе нема да бидат достапни. На официјалната страна на „Визер“ може да се види дека сите врски ќе бидат прекинати со доаѓањето на новиот зимски распоред за 2024/2025.
-
Google брише некои Gmail сметки – дали вашата е во опасност? Еве 3 чекори за да го зачувате меилот!
Нема сите да бидат изложени на ризик, Google брише само неактивни Gmail сметки. Направете ги овие едноставни неколку чекори за да бидете сигурни.
-
Живот на кредит – граѓаните удрија на купување станови и автомобили
Во последните месеци, трендот на зголемена побарувачка за станбени и автомобилски кредити во Македонија предизвика загриженост меѓу економските аналитичари.
-
Од ноември 12 часа евтина струја?!
Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните подготовки за најавеното зголемување на дневната евтина тарифа на струјата. Информациите кои досега се познати во јавноста се дека од први ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина енергија ќе користат до 16 часот. На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела.
-
Денес ќе точиме поевтино гориво
Еве за колку
-
Австралија ги забранува социјалните мрежи за децата
Австралија планира да воведе нови закони до крајот на годината, кои ќе ги спречат децата да користат социјални мрежи поради ризиците што тие ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави утринава премиерот Ентони Албанез.