Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Најскапата карта на сите времиња чинела 77.000 евра за концерт на култниот бенд: „Искуство кое се случува еднаш во животот“
Некои концерти се легендарни, а фановите се подготвени да одвојат огромна сума на пари за да не го пропуштат својот омилен изведувач на сцена.
-
Европски градови за удобен и исполнет живот во пензија
Американското списание „Ју-Ес њус ворлд рипорт“ (US News & World Report) состави листа од 10 градови во Европа каде што пензионирањето и животот потоа се прифатливи, удобни и возбудливи.
-
Професорка 20 години не одела на работа, а си земала плата
Професорка од средно училиште добила отказ откако било откриено дека во нејзината 24 годишна кариера, 20 години не одела на работа.
-
Подгответе се за „новата реалност“: Летото ќе трае пет и пол месеци?
Забележавме продолжување на топлиот дел од годината и ова ќе продолжи, доколку нешто не преземеме. Очекуваме дека за 20 или 30 години летото ќе трае уште подолго. Според некои проекции, бројот на денови од топлиот дел од годината ќе се продолжи за триесет дена на копно, а за седумдесет дена на море“, предупреди Мазоко Дрвар.
-
„Гласно напуштање“ – нов и поекстремен тренд од „тивко напуштање“ на кој работодавците треба да внимаваат
Дали сте слушнале за „тивко откажување“? Еден од главните трендови кои минатата година го преплавија пазарот на трудот и предизвикаа проблеми кај работодавачите, доби нова форма. Откажувањето останува во фокусот, но наместо тивко, овој пат гласно!
-
Милионер 40 години неуспешно се обидува да се запише на факултет, паѓа на приемниот испит 27 пати
Кинески милионер не успеа да го положи најтешкиот приемен испит на факултет во Кина и при 27. обид.
-
Колку време е потребно за да се стигне до Марс?
Благодарение на серијата мисии во текот на изминатите неколку години, вклучувајќи го и роверот Perseverance кој слета на 22 февруари 2021 година, Марс е сè поинтересен за астрономите, астрофизичарите и идните астронаути.
-
Еве што прво да направите ако нагазите морски еж!
Докторот советува како безбедно да ги отстраните боцките од морскиот еж!
-
Листа на најбогатите земји во светот: Македонија се најде на 80 место
Според проценките на магазинот „Global Finance Magazin“ за 2023 година, од 193 најбогати земји во светот, Македонија се најде на 80. место.
-
Чистач исклучил замрзнувач и уништил 20-годишно истражување
Еден американски чистач уништил значајно истражување кое се вршело дури 20 години, откако го исклучил лабораторискиот замрзнувач бидејќи му пречеле звуците што ги испуштал.