Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Можат ли убавата облека и дотерување да нѐ направат среќни?
Дали убавата облека и дотерувањето навистина можат да не направат посреќни? И, дали е можно да носите нешто убаво и да ја промените целата своја перспектива?
-
Норвешките научници направиле список од намирници кои можат да го продолжат животот за една деценија - еве кои се тие
Студија на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, која е објавена во списанието „Plos Medicine“, покажала дека одредени намирници можат значајно да нѝ го продолжат животниот век.
-
Што јадат децата на Јелена и Новак Ѓоковиќ? На менито никогаш немаат пржена храна, а една намирница најмногу ја сакаат
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, неодамна постигна вонсериски успех кога со победата на Ролан Гарос го освои 23-от Гренд слем во кариерата.
-
Колку плаќаат Порше, Бош и Мерцедес на практикантите
Практикантството игра важна улога во професионалниот развој и дава можност да се стекне драгоцено искуство во реномирани фирми.
-
ФОЛКСВАГЕН „ПРЕСЕЧЕ“ - ова се моделите кои планираат да ги укинат
На листата има голем број модели, а името на еден е веќе познато.
-
Како е да се работи со милијардер: Поранешните колеги и соработници раскажуваат за професионалната страна на Илон Маск, Џеф Безос, Бил Гејтс и Сара Блејкли
Животот и работните рутини на милијардерите ги фасцинираат гладните да го разберат нивниот успех. Нивната ексцентричност и правила за живот се тема на книги, подкасти и безброј статии. Нивни некогашни блиски колеги, кои добро ги знаат овие бизнисмени и јавни личности, раскажаа за Business Insider какви искуства имале работејќи заедно со Илон Маск, Џеф Безос, Бил Гејтс и Сара Блејкли.
-
Доколку сакате да избегнете голема сметка за струја на крајот од месецот – не правете ги овие грешки со фрижидерот
Фрижидерот е добар сојузник кој подолго ја задржува свежината на намирниците кои инаку би се расипале во рок од неколку часа, но воедно и енергетски многу интензивен уред и една од најважните ставки за потрошувачка на електрична енергија.
-
Комарците повеќе ги касаат оние кои пијат алкохол
Имаме лоши вести за сите кои едвај чекаат да уживаат во летните вечери на отворено со освежителен џин-тоник.
-
Половина од компаниите во ЕУ одржаа состаноци онлајн во 2022 година
Пандемијата на коронавирусот ги промени моделите на работа и доведе многу компании да се свртат кон виртуелни состаноци.
-
Работа во канцеларија или далечина: Студијата открива каде работниците се по (не)етични
Многу газди како да чекаа да помине периодот на корона и заштитните мерки – само за да ги вратат работниците во канцеларија. Велат, на тој начин можат подобро да „следат“ што прават.