Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Шест знаци дека работите во токсична атмосфера
Поголемиот дел од денот го поминуваме на работа, а работното место ни е како втор дом.
-
Кои се најмладите милијардери во светот во 2023 година
Просечниот светски милијардер има 65 години, според најновото рангирање на Форбс за најбогати луѓе на планетата, а најстар е осигурителниот тајкун Џорџ Џозеф, кој има 101 година. Но, како што истакнува Форбс, годините веќе одамна не се услов за стекнување големо богатство.
-
Пред 50 години беше претставен првиот мобилен телефон – се сеќавате ли како изгледаше уредот?
Пред 50 години беше претставен првиот мобилен телефон на светот – „Motorola DynaTAC 8000x“.
-
Куче кое мрази снег смисли генијален начин за што помалку да го допира
И додека повеќето кучиња со нетрпение ја очекуваат зимата и снегот, италијанскиот пес по име Нино воопшто не е воодушевен од студеното бело „ќебе“.
-
Баркодот денес го слави својот 50-ти роденден, ова е првиот скениран производ
Познатиот баркод, системот за идентификација на производи, кој придонесе за глобализацијата на трговијата, денес слави 50 години.
-
Како размислуваат успешните луѓе
Оние кои успеваат во животот и на кои другите им се восхитуваат, се различни. Барем според некои теории. Тие го гледаат светот на различен начин, размислуваат и дејствуваат различно. Во продолжение прочитајте неколку општи правила по кои успешните луѓе се разликуваат од другите луѓе.
-
Оброк со месо од мечка чини безмалку 1.000 денари
Автоматите за брза храна во оваа земја, каде што може да се купат готови оброци со месо од кит, полжави или јастиви инсекти, од неодамна на купувачите им нудат и месо од дива мечка.
-
Зошто Италија го забрани ChatGpt?
Италија стана првата западна земја што го забрани користењето на напредниот чет-бот, „ChatGPT“.
-
Занимања кои обично носат висока заработка – Овие луѓе земаат плата и над 400.000 долари годишно
Постојат неколку занимања кои обично носат висока заработка. Еве неколку примери:
-
Црногорецот најдолго работи во регионот, а Албанката најкратко
Осигуреникот во Црна Гора се стекнува со право на старосна пензија кога ќе наполни 66 години и мора да има најмалку 15 години стаж. Најкратко, пак, работи вработената жена во Албанија, која оди во пензија на 61 година.