Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Роден е со 7,3 килограми: Важел за едно од најголемите бебиња некогаш родени, а еве како изгледа денес
Кевин Кларк од Америка е роден во 1983 година во Њу Џерси, а при раѓањето тежел неверојатни 7,3 килограми. Тој се сметал за најголемото бебе некогаш родено во Њу Џерси и едно од најголемите во светот.
-
Сте слушнале за правилото 3 за ослободување од анксиозност? Започнете со негово применување
Американската психолошка асоцијација (АПА) ја опишува анксиозноста како емоција која се карактеризира со чувство на напнатост, загрижени мисли и физички промени како што се забрзано чукање на срцето итн.
-
Њујорк е најдобриот град за живеење во светот за 2024-та
Овој град е главен лик во сите ваши омилени ТВ серии и филмови, инспирација за безброј песни и слики и една од најпознатите дестинации во светот.
-
Дали треба да пиете кафе додека земате антибиотици?
Некои лекови не смеат да се мешаат со одредени работи, а меѓу нив е и кофеинот. Всушност, мешањето кафе и антибиотици може да предизвика несакани ефекти или да влијае на тоа колку добро делува вашиот лек.
-
Како изгледа светот преку очите на разни видови животни
Истражувањето на визуелниот свет од животинска перспектива стана подостапно преку нов систем на камера. Развиен од научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, системот користи две камери и специјализиран софтвер за да генерира видеа што прикажуваат сцени како што се перципирани од различни животински видови.
-
Болницата ја отпуштила докторката затоа што порано ја напуштила работата, сега треба да и плати 400.000 евра
Д-р Франциска Шлосер веднаш била отпуштена откако нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано за време на нејзината 24-часовна смена, каде што притоа работела 23 години.
-
Зошто чукаме во дрво – обичај што опстојува до денес
Во различни ситуации, на пример, откако ќе спомнеме нешто што се надеваме дека ќе се случи, или додека зборуваме за нешто добро што сакаме да го задржиме така, тропаме во дрво.
-
И плаќа на сопругата 250 илјади евра за да биде домаќинка: Има куќна помошничка, готвачка и стилист
Се борите со работа со полно работно време, грижа за деца, готвење, чистење и време за себе? Сакате вашите часови неплатени домашни задачи да бидат ценети? Еден човек откри дека на својата сопруга и плаќа огромни 250.000 евра годишно за да биде домаќинка. Јахдан Јада го сподели ова во видео објавено на неговиот канал TikTok, каде што е познат како @yadaawakening.
-
Има моќно значење: ОВА старо име повторно стана популарно во Македонија и на Балканот
Ова име порано им го давале на девојчињата кои се раѓале на Божиќ.
-
Докторка открива колку често треба да се перат шалот и ракавиците: Опасните вируси брзо се шират
Иако многу луѓе немаат навика често да перат капи, шалови и ракавици, тие грешат и го ризикуваат сопственото здравје. Еден лекар решил да стави крај и ги предупредил луѓето.