Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
7 причини зошто не сте вистински човек пред првото утринско кафе
Пред да го испиете вашето прво утринско кафе, вие воопшто не постоите.
-
КАКО ДА ЗАМЕНИТЕ ОШТЕТЕНИ ПАРИ?
Имате пара на која и фали ќоше? еве каде да ја замените
-
Имала намера да ја фрли старата слика која била на ѕидот од кујната, па се испоставило дека вреди 25 милиони долари
Парискиот музеј Лувр ќе добие сликарско ремек-дело од 13 век, кое за малку ќе било фрлено во ѓубре. Станува збор за делото „Исмејуван Христос“, дело на италијанскиот сликар Чимабуе.
-
Кој го измислил чадорот и зошто во минатото го користеле само жени?
Есента е годишно време кое вообичаено се карактеризира со врнежливи денови, поради што често се дружиме со чадорот. За некои од нас, чадорите се само алатка која помага да не накиснеме на дождот, за други пак тоа е важен моден додаток. Како и да е, има интересни факти врзани со чадорите кои сигурно не сте ги знаеле до сега.
-
Официјално потврдено: На Венера има кислород и среде бел ден
Во ново истражување астрономите открија атомски кислород во атмосферата на Венера. Таквото директно дневно набљудување на оваа планета дава вреден увид во сложената динамика на атмосферската циркулација на Венера, фрлајќи светлина врз загадочниот сосед на Земјата.
-
Вегетаријанството е во нашите гени, тврди најновата научна студија
Нова студија спроведена во Велика Британија укажа на генетска компонента на вегетаријанството. Студијата предводена од научници од Универзитетот Нортвестерн во САД откри 34 гени кои би можеле да се поврзат со преференциите за вегетаријанска храна. Ова откритие сугерира дека некои поединци може да се предиспонирани за вегетаријанска исхрана.
-
Дали знаете која е најстарата професија во светот?
Луѓето ширум светот отсекогаш прифаќале бројни професии според нивните способности и капацитети, но дали знаете која е најстарата професија на светот?
-
Дали знаете која земја има најмногу кружни текови?
Кружните текови се создадени за поефикасно и побезбедно возење, а особено се популарни во Европа.
-
Науката ја открила возраста на која мажите созреваат: Подгответе се, резултатите се поразителни
Можеби звучи малку дискриминирачки, но гледајќи низ историските општествени обрасци, на мажите честопати им се умилкуваме при воспоставувањето на секојдневните обврски и односи.
-
Денес е 11.11.: Знаете ли што носи овој магичен датум?
Единаесетти ноември е моќно време да го промените вашиот живот и да си поставите намери. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлувањ