Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Брутално сценарио: Што би се случило ако светот остане без интернет?
Снемување на интернет би довело до верижни реакции, а последиците по човештвото би биле несогледливи.
-
Колку време е потребно за да ги удвоите вашите пари?
Познатиот онлајн издавач Вижуал капиталист на својата интернет страница деновиве објави интересна споредба за колку време можат да се удвојат парите, доколку се вложуваат во различни области.
-
Марк Кубан за клучот за успешна продажба: Не обидувајте се да ги убедите луѓето
Американскиот бизнисмен Марк Кубан го научил клучот за успешна продажба кога имал само 12 години.
-
Објавена листата на најпребарувани атракции во светот: Што им е најинтересно на туристите во Македонија?
Седумте најбарани атракции ги нарекле „новите светски чуда“. „All Clear“ од Велика Британија објавила мапа на светот на која наместо имињата од земјите ги наведува туристичките дестинации за кои туристите од странство најмногу се заинтересирани.
-
Црвена, жолта, зелена – зошто се тоа боите на семафорот?
Сите ги почитуваме и тие се еден од најважните за безбедноста, но дали знаете зошто светилките се во црвена, жолта и зелена боја?
-
Бојата е важна: Која боја треба да биде вашиот паричник за да привлекувате повеќе пари?
Според фенг шуи ако имате црвен паричник тоа значи дека имате добра енергија и го привлекувате богатството во вашиот живот.
-
Колку е можен хакерски напад на модерните автомобили?
Најновото истражување покажува огромни слабости, кои вештите хакери можат да ги искористат за злонамерни операции.
-
Пензионери поминале 500 дена на море: Резервирале 51 крстарење бидејќи е поевтино од пензионерски дом
Марти и Џес Ансен од Австралија одлучиле да резервираат 51 последователно крстарење затоа што оваа опција, како што тврдат, им била поевтина од плаќање на пензионерски дом.
-
Ова се најчудните фобии: Страв од путер од кикиритки, копчиња…
Многумина од нас имаат по малку чудни фобии. Ова се ирационални стравови предизвикани од одредени предмети, луѓе или ситуации. Заедно со постоечкиот страв доаѓа и силната потреба да се избегне она од што се плашиме.
-
Прогласен најдобриот ресторан во светот за 2023 година: Се наоѓа во Холандија
Tripadvisor неодамна ги прогласи најдобрите ресторани во светот.