Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Како да заработувате и до 50 евра на час во Германија?
Мини работните места се добра можност за многу жители на Германија да заработат дополнителни пари и да го наполнат домашниот буџет.
-
Објавени податоците: Колку изнесува просечната плата во Загреб?
Просечната месечна нето-плата исплатена по вработен од правни лица во градот Загреб за јуни годинава изнесува...
-
Како да ја научите мачката да не се качува на маса?!
Животните природно се заинтересирани за сè што е забрането – особено мачките. Не е баш најпосакувано мачката да се качува на маса, на работните површини и на други слични места во кујната.
-
Куче изгубeно на најпрометниот аеродром во светот, прoнајдено по три седмици
Патничка на „Делта ерлајнс“ во август го загубила своето шестгодишно куче Маја на аеродромот „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, САД, којшто се смета за најпрометниот во светот. За среќа, миленичето е пронајдено.
-
Еве зошто треба да ставите паричка во замрзнувач пред да одите на одмор: Малку познат трик кој го воодушеви целиот интернет
Доколку размислувате да одите на одмор и да оставите храна во замрзнувач, треба да обрнете внимание на одредени детали. Имено, постои едноставен трик кој ќе ви каже дали е безбедно да ја консумирате храната што сте ја оставиле, бидејќи понекогаш, кога сме далеку од дома, снемува струја, а не знаеме. Ова може да доведе до одмрзнување и расипување на храната во замрзнувачот.
-
Пивото е сепак добро за нас? Научниците велат дека го подобрува здравјето на цревата
Пиењето пиво може да биде добро за здравјето на цревата и имунолошкиот систем, гласи заклучокот на студијата на Медицинскиот универзитет Далиан во Кина.
-
Бил Гејтс резервирал луксузен ресторан само за себе – тоа што милијардерот го нарачал, ги зачудило сите...
Кога станува збор за ексцентричните преференци во исхраната меѓу милијардерите, се истакнува името Бил Гејтс.
-
Албанија руши рекорди во туризам – за осум месеци од околу 7,2 милиони туристи
Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони туристи, објави министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро.
-
Еднаш во 400 години: Следната недела со голо око ќе можеме да ја видиме зелената комета
Комета која не е видена повеќе од 400 години ќе биде видлива на северната хемисфера следната недела, но за многу кратко време.
-
Кога го започнал својот бизнис, мајка му му рекла: „Ти не си претприемач, ти си невработен“ – сега има 9,3 милијарди долари
Многумина еднаш се потсмеваа на идејата дека луѓето ќе ги изнајмуваат своите домови на странци преку Интернет – вклучувајќи ја и мајката на ко-основачот и извршен директор на Airbnb Брајан Чески.