Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Јапонци развиваат робот-таксист
Кенто Кавахаразука, доцент по механо-информатика, и неговиот тим го развија првиот прототип на хуманоиден робот за кој веруваат дека во иднина би можел да служи како робот-возач.
-
Нема веќе да ви бега: Генијален трик кој ќе ви помогне пешкирот да не ви одлета на плажа, нема ништо да ве чини
Дали сте подготвени за одмор? Бидете сигурни дека сте зеле сè. Спакувајте ги куферите, ставете костими за капење, омилени фустани, крема за сончање и сите останати работи кои ќе ви овозможат да си поминете незаборавно.
-
Aтракција на Тасос: Медитеранскиот базен на боговите во кој се капела Афродита
Грчкиот остров Тасос крие еден од најубавите природни базени кој е поврзан со морето.
-
Јапонски научници направија робот со лице од човечка кожа
Според научниците, човечката кожа за роботи би можела да направи револуција и во роботиката и во козметичката индустрија. Новиот развој вклучува живо ткиво, мешавина од клетки од човечка кожа израснати на база на колаген, поставени на 3Д печатена подлога од смола.
-
Зошто на пилотите не им е дозволено да имаат брада?
Дали некогаш сте виделе пилот со брада? Најверојатно не, бидејќи повеќето авиокомпании не сакаат брада. Според портпаролот на американската Федерална управа за авијација (FAA), брадите и мустаќите можат значително да влијаат на безбедноста на авионите.
-
Жештината ги „убива“ автомобилите: 5 работи на кои треба особено да внимавате
При големи жештини, автомобилот е изложен на зголемено оптоварување. Моторот, гумите, сопирачките и каросеријата се особено ранливи. Затоа, ризикот од оштетување значително се зголемува во текот на летото.
-
Никако со ладна вода! Еве како да се разладите во топлите летни денови
Кога сакаме да се освежиме и оладиме, често посегнуваме по ладна вода, но тоа не е најдоброто решение.
-
ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ДОАЃА ОД СТАРАТА ДОБРА ЗАСТАВА: Мотивиран е од „пандата“ од осумдесетите, еве како ќе изгледа и каде ќе се продава
Италијанскиот производител „Фиат“ ги претстави првите фотографии од својот нов модел, кој ќе се произведува во фабриката во Крагуевац во Србија, еден месец пред светската премиера. Возилото на четири тркала е инспириран од „пандата“ од осумдесетите, неговото официјално име ќе биде „гранде панда“, а првите автомобили најверојатно ќе излезат од производната лента на крајот на годината, а производството ќе започне во октомври.
-
Откриени илјадници тони замрзната вода на Марс
Во новото истражување на американските научници беше објавено дека илјадници тони замрзната вода се откриени на врвот на вулкан на Марс. Истражувачите беа фокусирани на регионот на вулканите Тарсис, кои се највисоки во целиот Сончев систем.
-
Овие ДЕЛОВИ за автомобили најчесто се крадат: Еве како да се заштитите
Дури и ако е паркиран на добро осветлено место, автомобилот лесно може да стане мета на крадците. Автомобилските делови кои лесно се отстрануваат често се крадат и подоцна може да се продаваат на црниот пазар, да се пренесат во странство или да се користат за поправка на други возила.