Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години
Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
-
Експерти: Забранете ги паметните телефони на деца под 13 години
Експерти од Франција препорачуваат упатства за користење на паметни телефони.
-
Ако сите улици и кровови ги обоиме со оваа боја, Земјата ќе биде 1,5 степени поладна
Користењето рефлективна боја која помага да се намали загрвањето на нашата планета не е ништо ново, но еден позначителен експеримент покажа какви ефекти може да има таквата боја.
-
Pro Max е огромен: вака наводно ќе изгледаат iPhone 16 уредите
За дизајнот на претстојната серија iPhone 16 се шпекулира веќе некое време, а неодамна протекоа фотографии од футроли од трети страни за iPhone 16 и iPhone 16 Pro. Сега Сони Диксон, познат по редовно објавување фотографии и информации од технолошкиот свет, сподели фотографија за која тврди дека ја прикажува целата претстојна постава на iPhone 16.
-
Недовршена слика на Климт продадена за 30 милиони евра
Долго време се мислеше дека „Портретот на госпоѓица Лизер“ е изгубен, но всушност со децении бил изложен во приватна вила недалеку од Виена. Аукциската куќа „Ај ен Кински“ го процени „Портретот на госпоѓица Лизер“ од 30 до 50 милиони евра, а овој недовршен портрет, насликан од австрискиот сликар Густав Климт, беше продаден на аукцијата во Виена за 30 милиони евра.
-
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Македонија монетарно се осамостои - Вака изгледале првите македонски банкноти
Пеон, Статер, Лав, Македонски динар. Ова биле главните предлози за името на новата македонска валута пред да биде донесена одлуката таа да биде именувана како Денар.
-
Спасете ја бижутеријата: Вашиот накит пак ќе заблеска со помош на една ситница од бањата
Ако сакате да носите накит, особено бижутерија, тогаш сигурно сте свесни за фактот дека неговиот животен век е ограничен бидејќи брзо се оксидира, оставајќи зелени траги.
-
Како да ги исчистите прозорците без траги? Веројатно не сте чуле дека можете со – компир!
Како можете да исчистите стакло без да оставите траги, а можеби дури и без да користите загадувачки хемикалии?
-
Кога надвор грми исклучете ги овие уреди! Не заборавајте ги полначите за мобилни телефони!
Иако многу домови се опремени со заштитни уреди кои можат да ја ограничат штетата, исклучувањето на уредот е дополнителен, сигурен чекор за заштитата.
-
Дали знаете што значат ознаките EDT и EDP на шишенцата со парфеми?
Ако ве збунуваат овие етикети при изборот на парфем, еве за што се работи и како да го купите најдолготрајниот мирис.