Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Наместо корист, штета: Заради една грешка, машината за алишта троши дупло повеќе струја
Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме.
-
Како ќе изгледа животот на Земјата во 2050 година? Она што порано беа научно-фантастични филмови ќе стане реалност!
Технологијата брзо напредува. Нашата реалност денес е преплавена со работи за кои можевме само да сонуваме пред неколку децении. Имајќи предвид дека развојот на технологијата во последните 30 години е огромен, се запрашавме како ќе изгледа светот за 26 години, т.е. во 2050 година.
-
Селото А го има најкусото име на светот
До 1990-тите, тоа било рибарско село, но туризмот оттогаш го презема приматот и станува главна стопанска дејност.
-
Закерберг го престигна Маск: Како сопственикот на Мета повторно стана еден од тројцата најбогати луѓе во светот
Доколку продолжи овој раст на цената на акциите на Мета, Закерберг во иднина би можел да стане најбогатиот човек на светот.
-
Сè за првиот ресторан на Џејми Оливер кој се отвори во „Белград на вода“
За многу љубители на храната и готвењето, првата средба со креативната комбинација на состојки, освен прелистувањето на страниците на старите готвачи како Стево Карапанџа, беа емисиите на познатиот Џејми Оливер. Начинот на кој креираше магија пред ТВ камерите ги постави темелите за сите последователни емисии од ваков формат, а неодамна на „Белград на вода“ беше отворен и првиот ресторан под негова лиценца „Jamie's Italian“. Ви пренесуваме сè за ресторанот на Џејми Оливер.
-
Билетите од 100 фунти распродадени за 24 часа: Кралот Чарлс ја отвора вратата од својот дом за посетители!
Ова лето, кралот Чарлс ќе ги отвори вратите на замокот Балморал за посетителите, а според медиумите, сите билети од 100 фунти се распродадени за 24 часа. Посетите ќе бидат дозволени од 4 јули до 11 август, а за прв пат во историјата, за посетителите ќе бидат достапни делови од кралската резиденција кои никогаш досега не биле отворени за јавноста, објави Си-Ен-Ен.
-
Италија не е татковина на пастата- шпагетите во Европа ги донел Марко Поло
Кога ќе кажете паста или шпагети, првата помисла е на Италија. Идентитетот на таа земја е незамислив без варено тесто во кое се додаваат состојки како маслиново масло, домати и месо. Може да биде и сланина или морска храна. Буквално се што може да се најде во кујната.
-
Колку често и како да ги перете фармерките
Тексасот бил измислен пред повеќе од 150 години. Директорот за дизајн на Левис, Пол О’Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат.
-
300 години Велика Британија немала ваков монарх: Принцот Вилијам има една посебна карактеристика која го сместува меѓу единствените во историјата
Идниот крал на Англија има бројни квалитети, многу е посветен на својата улога, но не е тоа што го издвојува од останатите.
-
За овој остров велат дека е грчкиот Кариби – Балканците го обожуваат, а има и што да понуди
Грчкиот Кариби со својот неочекуван шарм ги привлекува љубопитните погледи, а исто така може да се пофали и со недопрените плажи, тиркизната вода и мирен амбиент на одредени делови од островот.