Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Поранешна милионерка одлучила да живее во комбе: Трошам 30 долари дневно и ова е најдобрата одлука што сум ја донела
Кејтлин има 36 години и водела компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредело четири милиони долари.
-
Како изгледа стан од милион евра во „Белград на вода“?
Становите во „Белград на вода“ веќе подолг период се во тренд на социјалните мрежи. На Х е споделено видео на кое се гледа внатрешноста на луксузен стан во Белград на вода, кој чини повеќе од милион евра.
-
Дали лојалноста се исплати? Работодавачите им плаќаат на долгорочните вработени седум проценти помалку од нововработените
Истражувањата, исто така, покажуваат дека младите работници, првенствено членовите на генерацијата Z, се значително понезадоволни од својата работа отколку нивните постари колеги.
-
Никогаш не додавајте ги овие 5 намирници во вашето смути!
Кога ви треба закуска што е брза, лесна за носење во движење и преполна со хранливи материи, смути е одличен избор, особено ако можете да го направите дома и имате поголем надзор и контрола над употребените состојки.
-
Во кој дел од денот кафето може најмногу да го зголеми нивото на шеќер во крвта?
Ако не можете да го започнете денот без топла шолја кафе, не сте сами.
-
Дали успева трикот со ориз? Најпознатите компании дадоа одговор како да го исушите телефонот: Ова никогаш не треба да го правите
Спротивно на претходните совети што ги прочитавте на Интернет, Apple и Samsung објавија упатства на нивните кориснички страници за тоа што да (не) правите ако паметниот телефон ви падне во вода.
-
Обичните автомобили се отпорни, но што кога гром ќе погоди електричен автомобил?
Честите невремиња ширум светот отпочнале расправа за влијанието на грмотевиците на електричните автомобили. Додека автомобилите со мотори со внатрешно согорување ја докажале својата отпорност на удари од гром, се поставува прашањето како слични ситуации ќе се одразуваат на електричните возила.
-
Плиткото езеро во Канада може да укаже на потеклото на животот на Земјата
Замислете потполно неплоден свет. Пред вас е вулкански пејзаж, лишен од флора и фауна. Расфрлани низ оваа сива и црна површина се плитки водни тела. Во секој од овие природни базени се „готви“ прецизната мешавина на хемикалии и физички услови кои можат да послужат како извор на живот на нашата планета.
-
Стјуардеса: Никогаш не правете ги овие три работи во авиони
Постојано ни се повторуваат некои информации на секој лет, но има и некои работи кои е добро да се знаат од ’инсајдерите’. Правилата на однесување на летот се специфични, добро е да се држите до советите.
-
Компаниите сè повеќе одбиваат диплома како услов за вработување
Со голема помпа, компаниите ги отфрлаат четиригодишните дипломи од своите огласи за работа, претворајќи го концептот на „вработување базирано на вештини“ во она што сега е пожелно.