Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Се има, се може: 91.000 работници на „Mercedes“ ќе добијат бонус од 7.300 евра
„Mercedes“ објави дека, на основа на прелиминарните резултати за финансиската 2023-та година објавени денеска, очекува дека вработените кои ги исполнуваат условите ќе добијат бонус од 7.300. Во знак на благодарност за нивниот ефект и ангажман во текот на минатата година, „Mercedes-Benz“ повторно го споделува успехот на компанијата со своите вработени.
-
Еве што работела Јелена Ѓоковиќ пред да го запознае Новак, а и колкава плата земала за таа работа
Јелена Ѓоковиќ потекнува од скромно семејство поради што морала да работи уште како мала за да ги постигне своите цели.
-
Што мислите: Дали треба да ја средите хотелската соба пред да ја напуштите?
Ако некогаш сте се запрашале дали треба да ја исчистите хотелската соба или стан пред да заминете, не сте единствените!
-
ChatGPT „полуде“ и никој не знае зошто: Пишуваше целосни глупости и ги загрижи корисниците
ChatGPT, добро познатиот чет-бот на OpenAI, неодамна имаше низа неочекувани проблеми, предизвикувајќи загриженост и збунетост кај корисниците. Инцидентот предизвика бран дискусии и шпекулации во технолошката заедница, додека компанијата брзо се движеше за да ја реши ситуацијата.
-
Американците денеска ќе слетаат на Месечината по повеќе од 50 години
Вселенското летало дизајнирано да слета на Месечината, изградено од Intuitive Machines со седиште во Хјустон, денеска пристигна во орбитата на Месечината. Првото приватно летало за таа намена се приближи до првото американско слетување на природен сателит на Земјата по повеќе од 50 години.
-
Проверете дали треба да ја замените перницата: Ако се случува ова, време е за нова
Многумина мислат дека штом се купи перница, тоа е трајно решение, но има период по кој стануваат истрошени и почнуваат да ги губат својствата.
-
Погледнете како изгледале маркетите во поранешна Југославија во 70-тите години
На Фејсбук профилот „Реставрација на стари фотографии и видеа“ се појави интересно видео.
-
Револуција: Доаѓа телефон без апликации, што мислите?
Претстојниот „MWC“ ќе ни донесе многу иновации, а еден од нив би можел да биде многу необичен тип на мобилен телефон.
-
Дали знаете што е престапна година?
Што е престапна година? Повеќе од три четвртини од Германците, 76 отсто, го знаат одговорот. Анкетата покажа дека 13 отсто не знаат, додека 11 отсто не одговориле.
-
Спротивно на досегашните совети: Еве што не треба да правите ако телефонот ви падне во вода
Што да направите кога телефонот ќе ви падне во вода? Доколку барате совет на Интернет, една од првите работи на кои ќе наидете е веднаш да го ставите телефонот во ориз, кој треба да ја впие влагата од телефонот, а такви совети понекогаш се даваат и во сервисите за телефони.