Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Новинар открил вонземјани во Перу и ги претставил во националниот Конгрес во Мексико Сити
Во националниот Конгрес во Мексико Сити, на првата седница новинарот Хозе Хаиме Маусан претстави две кутии со човеколики скелети за кои тврди дека се мумии кои ги пронашол во Перу. Рече дека се мумифицирани суштества кои потекнуваат од други планети.
-
Ќе заборавите на сè кога ќе ви се насмевне – колку чинат месечните трошоци за бебе?
Бебето е најголемото бoгатство за секој родител, но истовремено претставува и најголемиот трошок. Од пелени до вештачко млеко, од креми до шампони, од облека до играчки, бебешките потреби се бројни и скапи.
-
Интересен факт: Зошто повеќето Холанѓани немаат завеси на прозорците?
Холанѓаните се познати како многу пријателски настроен народ, а здравјето, безбедноста и општото задоволство се приоритетите што се следат во оваа земја. Исто така, нивната култура е опишана како исклучително либерална и отворена, а табу темите се непознати.
-
„Се изгубил во Лондон“ за време на шпицот па заработил казна од 800 фунти
Маж на околу 80 години кој се изгубил во Лондон за време на шпицот е казнет со 800 фунти. Роџер Вотс бил на пат кон Дорсет од оваа куќа во Норвич, кога неговата сателитска навигација го упатила до главниот град Лондон каде со часови се обидувал да побегне од Лондон.
-
Колку години се потребни за да заработите милион евра – мапа на европските земји, еве каква е ситуацијата со Македонија
Интересна мапа е споделена на страницата „Dalmatian Mapper“, покажувајќи колку години во секоја европска држава се потребни за да заработите милион евра.
-
Река вино течеше низ улиците: Снимки од Португалија го обиколија светот!
Неверојатна снимка доаѓа од градот São Lourenço do Bairo во Португалија, откако се излеале 2,2 милиони литри од два цистерни со вино.
-
Список на најпопуларни пијалоци по земји: Што најмногу сакаат да пијат соседите?
Веб-страницата World of Statistics објави на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) листа на најпопуларни пијалоци по земји.
-
Истражувањата потврдија: Во петок сме најнепродуктивни и правиме најмногу грешки
Дали е тоа уште еден прилог кон тезата дека е дојдено време четиридневната работна недела да влезе низ „големите врати“ во нашите работни средини?
-
Месо, овошје и зеленчук: Како да препознаете свежа храна во супермаркет?
Купувањето намирници во големи количини може да биде тешко. Ако купувате месо, овошје или зеленчук, многу е важно да знаете дали се навистина свежи како што се претставени во супермаркетите.
-
Истражување откри: Жените пијат алкохол повеќе од мажите
Се намалува половата разлика во количината на консумиран алкохол, а во пораст се болестите и компликациите кои се последица на дејството на алкохолот кај жените - од нарушувања на метаболизмот и имунолошкиот систем до рак на дојка.