Избор на вработени
Изборот на вработените е комплексен процес кој бара многу време и концентрација, но исто така и професионалност. Токму затоа, овде ви презентираме голем број совети почнувајќи од тоа како да ги огласувате слободните работни места на интернет па се до тоа зошто препораката е многу важна при барање на работа и зошто е важна проверката на истата т.е како да го проверите кандидатот преку неговата препорака. Можеби е време да вработите експерт за човечки ресурси, односно HR професионалец. Решаваме и бројни дилеми околу прашањата како што се: кои се предностите на неофицијалното интервју и како точно треба да изгледа интервјуто за селекција од перспектива на работодавач. Одговараме на најчестите дилеми како: зошто е добро да вработите некој што не е ваш истомисленик и дали знаете кој е вашиот идеален кандидат или кандидатка? За крај, ве советуваме како да започнете успешна потрага по вработени и како да ги пронајдете истите.
-
Нов бизнис тренд: Поради недостаток на работници, работодавачите вработуваат поранешни криминалци во своите компании
Недостигот на работна сила во САД предизвикува многу работодавачи да имаат големи потешкотии да најдат и задржат добри кандидатиза работа. За разлика од нив, барателите на работа се во многу поповолна положба. Исто така, за кандидатите што менаџерите за вработување имаат тенденција да ги игнорираат, недостигот на работна сила нуди можност.
-
По што се препознава добриот работник?
Да се биде добар работник значи да се поседуваат квалитети како доверливост, снаодливост, трудољубивост, лидерство и многу други. Сепак, овие особини не го прават добриот работник да биде одличен. Одличните работници се тие кои се издвојуваат и допринесуваат најмногу во работата. Тие се секогаш еден чекор понапред од своите колеги. Дознајте кои особини ги поседуваат одличните работници.
-
7 трикови што работодавачите ги користат за да ве тестираат за време на интервјуа за работа
Интервјуата за работа знаат да бидат стресни. Можете да се подготвите и да погодите што мислите дека би можеле да ве прашаат, но изгледа дека секогаш ве прашуваат нешто за што не сте размислувале
-
6 знаци дека вработениот треба да биде отпуштен
Сите знаеме кои се лоши вработени: не работат доволно и не работат добро, не функционираат во тим, не можат да постигнат се што се очекува од нив. Но, она што е чудно е дека очигледно лошите вработени не можат да предизвикаат реални проблеми.
-
Што треба да знаеме пред да вработиме малолетно лице?
Согласно Законот за работни односи, договор за вработување дозволено е да склучи и малолетно лице, со најмалку 15 години кое има општа здравствена способност.
-
Кризата трајно го промени пазарот: Работниците бараат повеќе и ја чекаат вистинската шанса за работа
Вработените сега почесто го доведуваат во прашање нивниот став кон работата. Работниците имаат многу поголеми очекувања од работодавачите повеќе од било кога.
-
Како да ги откриете скриените таленти на вашите вработени?
Вие можеби имате суперѕвезда на Вашиот список за плати, а вие тоа не го знаете.
-
Немате диплома и тоа ве загрижува? Иднината за вработување е обуката
Во време кога масовно се завршуваат магистерските студии, потешко се наоѓаат оние кои немаат барем основна факултетска диплома, но ги има. Ако сте еден од тие луѓе, во никој случај не сте осамени.
-
Што се “меки вештини“ и како работодавачите ги идентификуваат?
Меките вештини се важни затоа што можат да одредат дали кандидатот ќе се вклопи во културата на компанијата.
-
Четиридневна работна недела: Вработените ја бараат, но дали шефовите ќе попуштат?
Четиридневната работна недела е она што го бараат вработените, поточно подготвени се за ваков тип на промени, а нивните шефови треба да внимаваат на нивните желби.