Вести
-
ДДВ-то да се зголеми од 18 на 19 проценти?!
Светска банка предложи зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти, како дел од мерките за зголемување на даночните приходи и обезбедување фискална стабилност. Оваа препорака беше изнесена во извештајот „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија“, кој се фокусира на потребата од консолидација на јавните финансии. Според експертите, предлогот вклучува и елиминирање на преференцијални стапки за ненеопходни производи и услуги.
-
ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ДО САРДИНИЈА, МИКОНОС И ФИРЕНЦА: Следното лето Ер Србија воведува нови дестинации
Националната авиокомпанија Ер Србија, соопшти дека следното лето ќе воведе директни летови меѓу Белград и островите Сардинија и Миконос, а по пауза од повеќе од една година ќе воспостави летови и до Фиренца.
-
Албанија имала рекорден туристички приход од четири милијарди евра за девет месеци
Странските туристи потрошиле речиси 4 милијарди евра во Албанија од јануари до септември 2024 година, што претставува раст од 20% во споредба со истиот период минатата година.
-
Ова се најубавите божиќни пазари во Европа
Додека зимата полека ја завива Европа во снег, градовите ширум континентот се трансформираат во дестинации за одмор од бајките. Улиците се осветлени со илјадници шарени светилки, плоштадите се исполнети со опојните мириси на цимет, ванила, костени и варено вино, додека на секој чекор може да се видат прекрасни рачно изработени украси со новогодишни мотиви и традиционални форми.
-
Зошто петок 13-ти го сметаме за несреќен ден?
Петок 13-ти е ден што повеќе генерации низ светот го доживуваат како еден од најнесреќните денови во годината. Во многу култури, овој ден носи со себе митови, стравови и предзнаци на несреќа, а верувањата за неговото мистично значење се протегаат со векови.
-
Официјално започнува ски-сезоната на Попова Шапка, денес скијањето ќе биде бесплатно
Попова Шапка официјално ја отвора својата зимска сезона. Отворањето ќе започне во 10:00 часот, а влезот за сите посетители е целосно бесплатен.
-
Невидливите херои на секојдневието: Како е да се биде пожарникар во Македонија?
Додека сите бегаат од опасност, пожарникарите одлучуваат да ѝ се спротивстават. Овие храбри луѓе, секојдневно, се подготвени да ги заштитат животите и имотот на граѓаните.
-
Грција воведува вештачка интелигенција во јавните училишта
Грција ја започнува иницијативата AI4edu, кофинансирана од ЕУ, која воведува два интерактивни асистенти: Study Buddy за ученици и Teacher Mate за наставници.
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА.
-
Унгарската компанија 4iG поднесе документи до АЕК за влез на македонскиот пазар
Унгарската компанија 4iG вчера официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), изразувајќи интерес за воспоставување трет мобилен оператор во Македонија.